Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Седуммина осомничени за пожарот во Кочани од ефективен одат во куќен притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Седуммина осомничени за пожарот во Кочани од ефективен одат во куќен притвор
ХРОНИКА

Седуммина осомничени за пожарот во Кочани од ефективен одат во куќен притвор

Објавено April 17, 2025 16:58
Сподели
Сподели

На седум од вкупно 24 лица, осомничени за пожарот во Кочани, мерката ефективен притвор им се заменува со мерка куќен притвор, информираат од Основниот суд Кочани.

-По поднесените предлози за определување на мерка притвор а врз основа на донесена Наредба за истражна постапка Ко бр.180/25 од 20.03.2025 година на ОЈО Кочани, од страна на Судија на претходна постапка беа определени вкупно 24-дваесет и четири мерки за обезбедување на присуство –притвор, од кои по изјавена жалба од осомничените преку нивните бранители изречената мерка притвор беше замената со мерка куќен притвор за тројца осомничени, а во понатамошниот тек од постапката по даден предлог на ОЈО Кочани за замена на мерката притвор со мерка куќен притвор за 4-четири осомничени беше определена мерка куќен притвор, се вели во соопштението објавено на веб страницата од Судот.

Спрема сите осомничени по дадените предлози за определување мерка за присуство по донесената Наредба за спроведување на истражна постапка Ко бр.180/25 од 20.03.2025 година од страна на ОЈО Кочани, беше доставен предлог за продолжување на овие изречени мерки до Основен суд Кочани и по вака изјавените предлози за продолжување на претходно определените мерки за обезбедување на присуство се постапува во определените законски рокови.

-По поднесените предлози за определување на мерки за обезбедување на присуство а врз основа на донесена Наредба за проширување на истражна постапка за нови лица Ко бр.180/25 од 12.04.2025 година на ОЈО Кочани, спрема 19-деветнаесет осомничени од кои за 4-четири осомничени беше предложена мерка притвор која со решение на Судијата на претходна постапка беше определена спрема истите, спрема 8-осум од осомничените беше предложена мерка куќен притвор, истата Судијата на претходна постапка беше определена спрема овие 8-осум осомничени, додека спрема 7-седум осомничени беа предложени мерки на претпазливост и истите со решение на претходна постапка се изречени спрема осомничените, се вели во соопштението од ОС Кочани.

По изјавени жалби од страна на осомничените, Советот при Основен суд Кочани постапува по истите во законски предвидениот рок и кога ќе бидат донесени одлуки од овој Совет, судот повторно ќе даде соопштение за исходот од постапувањето Советот од чл. 25 став 5 од ЗКП.

Според инфомациите на дел од медиумите, меѓу лицата на кои им е заменет притворот со куќен притвор, се и екс градоначалник на Кочани Љупчо Папазов и поранешниот директор на ДПИ Горан Трајковски, како и еден член од обезбедувањето во дискотеката „Пулс“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Велигденско послание на г.г. Стефан: Трагедијата во Кочани не сплоти во тага и во молитви за настраданите
Следна Статија Марта Кос: Заморот од проширувањето на ЕУ заврши, направете ги компромисите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Скопјанец работел како менаџер и од касата украл 45 000 евра

Скопјанец е лишен од слобода под сомнение дека како вработен во фирма присвоил речиси три милиони денари, информираат од полицијата.…

February 8, 2026
ХРОНИКА

(ФОТО) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите…

July 1, 2025
ХРОНИКА

На гевгеличанка и украле 20.000 евра

На 31.05.2025 година во 21:30 часот во Полициската станица Гевгелија, А.Ф.(49) од Гевгелија пријавила дека истиот ден, во временски период…

June 1, 2025
ХРОНИКА

Царината заплени техничка стока, цигари, лековити билки

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани трансформатори…

October 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?