Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мајката на загинатиот Томас во „Пулс“: Живееме за да одиме на гробишта да си помуабетиме со нашите деца, правда мора да има
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мајката на загинатиот Томас во „Пулс“: Живееме за да одиме на гробишта да си помуабетиме со нашите деца, правда мора да има
МАКЕДОНИЈА

Мајката на загинатиот Томас во „Пулс“: Живееме за да одиме на гробишта да си помуабетиме со нашите деца, правда мора да има

Објавено April 18, 2025 18:45
Сподели
Сподели

Јулија Златкова, мајка на Томас Златков кој имаше 22 години и загина во дискотеката „Пулс“, испрати порака до правораздавачите. Со траорен статус укажа дека очекува правдата да излезе на виделина, но и дека како родители нема да дозволат виновниците да бидат неказнети.

„На Велигден сум се заљубил! Има една таква песна…Велигден е тука, но нашите деца ги нема…..Престанаа да им чукаат срцата, ги закопавме во црната земја… Некои биле заљубени, некои требаше да се заљубат, некои од нив имаа и сопруги и сопрузи и мали дечиња и штотику родени дечиња…Кој сега ќе се радува на нив? Некои од децата не дочекаа полнолетство, некои не дочекаа матура, некои требаше да дипломираат и да станат академски граѓани кои ќе работат чесно како што ги учеле нивните семејства… Не прашува ли некој нас како ги минуваме деновите, какво е чувството да знаеш дека детето никогаш повеќе нема да се врати дома, да ги видиш неговите убави очи, неговата убава насмевка, да го слушнеш како се смее, да дочекаш уште еден Велигден со него…Еве ќе ви кажеме, живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца, да им раскажеме колку тие фалат дома … Ќе се навршат уште малку 40 дена, 40 црни денови без нашите сонца, без нашите анѓели чии кревети од тој ден останаа празни, а нашите срца и души засекогаш завиени во црнило… Времето поминува, но правдата како што се чини нема изгледа дека ќе излезе на виделина… Зарем немате ни малку човечност во вашите души??? Зарем толку сте евтини што со пари се купувате?? Ееееј вие убијци на нашите деца!“, напиша Златкова.

Таа додава:

„Зарем нашите невини деца требаше да ја платат цената на вашата алчност и корумпираност? Со нивните штотуку расцветани животи? Вие сте дно на дното!!! Никој од нас не растел дете да стане херој, туку да стане човек… Вие ги убивте нашите деца!!! Ееее убијци, многу од вас се исто толку виновни како и сопственикот на Пулс-монструм, почнувајќи од премиер, министри, разно- разни инспектори, па се до обичните полицајци, сите сте гледале, ама не сте виделе ништо!!! При очи сте биле слепи!!! Срамота!!! Бедни сте, ситни души кои за проклети пари на душа ќе ги носите нашите убиени и многу повредени деца! На душа…само што вие душа немате Затоа Ви кажуваме, дека ние родителите и блиските на нашите починати чеда, ќе продолжиме да излегуваме и понатаму, секоја сабота…и се надеваме дека на крај нема да останеме единствено само ние, доколку на нашите сограѓани им досади да не следат нас, кои ја бараме правдата за нашите убиени чеда …Но ќе продолжиме да излегуваме и да ги потсетуваме челниците на оваа скапана држава дека сме тука и до наш последен здив ќе ја бараме правдата за сите починати и повредените на 16.март , бидејќи ние си ги закопавме нашите деца поради нечии грешки, поради тоа што некој бил корумпиран, поради тоа што злоупотребил својата функција за пари, за корист за личен бенефит“.

На крајот, мајката на Томас додава:

„Правдата мора да излезе на виделина! Нашите безгрешни деца мора да бидат осветени! Ние родителите, нема да дозволиме виновниците да останат неказнети. Нашите деца ги нема повеќе, но можеби поради нашиот бунт кон овој трул државен систем ќе се смени нешто, па идните генерации ќе имаат побезбедна иднина од нашите деца. Вечна Ви слава ангели, утре наместо да кршиме јајца дома како секоја година претходно, ке ви донесеме јајца на Вашите вечни почивалишта!“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Штипската модуларна болница ќе се адаптира за специјалистички амбуланти
Следна Статија До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради снимање на филм

Поради снимање на филм на мостот Беласица, денеска од 06.00 до 18.00 часот Единицата за безбедност на патниот сообраќај  во…

October 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Австрија стои до Македонија во вонредни ситуации и на патот кон ЕУ

Министерката за надворешни работи на Австрија Беате Мајнл-Рајзингер денеска го прими својот колега од Македонија, министерот за надворешни работи и…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Поради силен ветер не работи жичарницата на Водно

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информира дека Жичницата на Водно денеска не е во функција. Причината за прекинот на работата…

January 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Прво завршени преговори со ЕУ, па уставни измени

Ние како нација направивме се што можевме, претрпевме многу понижувања и прифативме многу лоши договори заради нашата европска перспектива и…

February 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?