Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Граѓаните и бизнисите во банките чуваат 9,7 милијарди евра, но колку изнесува нивниот долг?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Граѓаните и бизнисите во банките чуваат 9,7 милијарди евра, но колку изнесува нивниот долг?
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните и бизнисите во банките чуваат 9,7 милијарди евра, но колку изнесува нивниот долг?

Објавено April 19, 2025 10:00
Сподели
Сподели

Граѓаните и во март продолжиле со активно задолжување, најмногу за станбени и потрошувачки кредити, каде што забележан е раст од 1,6% за станбените и 1,0% за потрошувачките. На годишна основа, овие кредити пораснале за 13,9% и 9,2% соодветно.

Според последните податоци на Народната банка, граѓаните и корпоративниот сектор во март имале вкупни депозити од 9,7 милијарди евра, додека нивниот долг кон банките изнесувал 8,2 милијарди евра.

Во однос на растот на депозити и кредити на годишно ниво, и депозитите и кредитите покажале сличен тренд. Депозитите пораснале за 12,7%, додека кредите за 12,3%.

Растот на депозитите бил забележан и во двата сектора, со поголем придонес од страна на домаќинствата, додека кај кредитите поголем придонес имал корпоративниот сектор.

Во март, вкупните депозити забележале месечен раст од 0,6%, додека кредите се зголемиле за 1,0%.

Кога станува збор за задолжувањето на граѓаните, продолжува најголемиот раст кај станбените и потрошувачките кредити, кои покажале раст од 1,6% месечно, а на годишна основа зголемувањето било 13,9% и 9,2% соодветно.

Меѓутоа, автомобилските кредити паднале за 1,1% во март, но на годишно ниво пораснале за 3,4%. Кредитите одобрени на кредитни картички се намалиле за 0,8% на месечно ниво, додека на годишно ниво падот изнесува 9,0%.

Негативните салда на тековните сметки се зголемиле за 5,1% месечно, додека на годишно ниво паднале за 2,4%. Кредити одобрени на други основи паднале за 0,3% месечно и 8,2% на годишна основа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва
Следна Статија Јанша ослободен од обвинувањата за корупција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на Стенковец

На својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека министерството во координација со повеќе надлежни институции…

February 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Паушалите во сметките за струја ќе станат минато: На сметките ќе пишува дали броилото е прочитано

До 2031 година 80 отсто од граѓаните треба да имаат смарт броила, а првите веќе се очекува да бидат инсталирани…

June 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Новини на сметките за струја: Корисниците ќе знаат дали броилото е читано

РКЕ најави дека најдоцна за два месеца граѓаните ќе добиваат појасни информации на сметките за струја – ќе биде наведено…

June 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нови правила за одобрување возила

Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото,…

September 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?