Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јанша ослободен од обвинувањата за корупција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Јанша ослободен од обвинувањата за корупција
БАЛКАН

Јанша ослободен од обвинувањата за корупција

Објавено April 19, 2025 10:08
Сподели
Сподели

Словенечкиот суд во петокот донесе првостепена пресуда со која го ослободи Јанез Јанша, премиер во три мандата и клучен опозиционер во земјата и двајца наводни негови помагачи од обвиненијата за наводна злоупотреба на положбата и овластувањата и за корупција.

Јанша, претседател на главната опозициска Словенечка демократска партија (SDS), го отфрли обвинението како обид тој да биде отстранет од политиката пред општите избори во 2026 година.

„И покрај тоа што ова беше јасна и видлива фарса од самиот почеток, обвинителот побара две години затвор. Оваа победа денеска е во наводници, нашата борба овде не е завршена“, им рече Јанша на своите расположени поддржувачи по излегувањето од судот.

Стотици негови приврзаници се собраа пред судската зграда во Целје на истокот на земјата, веејќи словенечки знамиња и носејќи транспаренти, обвинувајќи го судството дека е корумпирано и пристрасно.

Јанша, 66-годишен десничарски политичар, беше обвинет за злоупотреба на моќта при продажба на имот во 2005 година, кога го служеше својот прв мандат како премиер. Во случајот се опфатени и директорите на две компании кои учествувале во серија трансакции со продажба на парцела во сопственост на Јанша во наводна размена за купување стан за него во главниот град Љубљана.

Јанша, кој се залагаше за независност на Словенија од тогашна Југославија во 1991 година и трипати беше словенечки премиер, во 2013 година беше осуден на две години затвор за поткуп во договор со финската групација од наменската воена индустрија „Patria“ во 2006 година додека го служеше вториот премиерски мандат. Тој ги отфрли сите обвиненија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Граѓаните и бизнисите во банките чуваат 9,7 милијарди евра, но колку изнесува нивниот долг?
Следна Статија Во сообраќајна несреќа загина Никола Покривач, поранешен хрватски фудбалски репрезентативец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Најавени нови блокади на грчките земјоделците на граничните премин

Со поставени над 50 блокади низ цела Грција, меѓу кои и на граничните премини кон нашата земја, кон Бугарија и…

December 9, 2025
БАЛКАН

Илијана Јотова ја презеде претседателската функција во Бугарија

Илијана Јотова  стана првата жена претседател на Бугарија, откако Уставниот суд и официјално ги запре овластувањата на Румен Радев поради…

January 23, 2026
БАЛКАН

Полиција утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош

Припадници на хрватската Национална полициска канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал утрово организираа голема акција во која упаднаа…

November 15, 2024
БАЛКАН

Инциденти во Грција меѓу полицијата и земјоделците што протестираат

Сериозни инциденти се случија на островот Крит откако земјоделците кои се обидоа да се приближат до аеродромите во Ханија и…

December 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?