Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фото: Сиљановска Давкова и Мицкоски со министрите Николоски и Тошковски за Велигден во Охрид
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Фото: Сиљановска Давкова и Мицкоски со министрите Николоски и Тошковски за Велигден во Охрид
МАКЕДОНИЈА

Фото: Сиљановска Давкова и Мицкоски со министрите Николоски и Тошковски за Велигден во Охрид

Објавено April 20, 2025 13:27
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и премиерот Христијан Мицкоси синоќа во црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид го дочекаа Христовото воскресение – Велигден.

Facebook / Gordana Siljanovska Davkova

Сиљановска Давкова на својот Фејсбук објави дека Христовото воскресение го дочекала во возвишената атмосфера на црквата Св. Богородица Перивлепта, под светлината на свеќите и со молитви во срцата, со смирение и духовна радост.

Facebook / Gordana Siljanovska Davkova

-Како стожер на верата, Христовото воскресение, кај секој христијанин веќе два милениума е симбол на животот и ги крепи нашата верба и надеж, инспирирајќи нè да ја негуваме духовностa и да даруваме љубов секому и секаде. Фактот што токму годинава сите христијани го прославуваат Велигден на ист датум нека биде поттик за сплотеност како кај нас, така и во целиот свет. Верувам дека вдахновени од големиот празник ќе најдеме енергија и сила да се соочиме со сите предизвици и искушенија, покажувајќи солидарност и заедништво. Христос воскресна! Навистина воскресна!, порача претседателката Сиљановска Давкова.

Facebook / Hristijan Mickoski

И премиерот Мицкоски на својот Фејсбук упати честитка по повод Велигден, посакувајќи светлината од Воскресението на Христос донесе мир, љубов и надеж кај сите.

-Нека светлината од Воскресението на Христос донесе мир, љубов и надеж кај сите! Да ја славиме оваа победа на животот над смртта со вера, радост и благодарност. Христос воскресна! Навистина воскресна!, напиша Мицкоски.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави дека за Велигденските празници ја посети црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Коалицијата „Вреди“ ќе стане една партија
Следна Статија (ВИДЕО) Папата Франциск на сите им го честитaше Велигден од балконот на базиликата на свети Петар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти во критична состојба

Истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ продолжи со нови претреси за обезбедување докази и распити на лица, а дејствија ќе…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

На колку метри „фаќаат“ камерите?

Дилемата меѓу возачите за тоа на колкаво растојание може да биат регистрирани од камерите за брзина и понатаму е присутна…

July 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Договорот со Велика Британија е во служба на народот и ја гарантира иднината

Александар Николоски, вицепремиер на Владата и министер за транспорт и врски, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма…

June 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Цвета Ристовска избрана за нов заменик претседател на Антикорупциска

Државната комисија за спречување на корупцијата на 21. седница ја избра Цвета Ристовска за заменик претседател. Ристовска ја презема функцијата…

August 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?