Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Американски војник загина на планинарење во БиХ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Американски војник загина на планинарење во БиХ
БАЛКАН

Американски војник загина на планинарење во БиХ

Објавено April 20, 2025 15:32
Сподели
Сподели

Американски војник загина во Босна и Херцеговина, каде што престојувал на одмор, објавија во неделата локалните медиуми по завршувањето на потрагата по настраданиот која траеше од саботата.

Американски државјанин го загубил животот на планината Маглиќ на која бил на планинарење со сопругата. Додека планинарел во саботата, тој се лизнал и паднал низ заледена карпа во провалија длабока неколку стотици метри.

Повикувајќи се на неименувани извори, порталот Dnevni avaz наведува дека најверојатно се работи за припадник на американската армија кој бил на должност во Италија.

Спасувачките екипи веднаш по добивањето на пријавата ја започнале потрагата, но поради тешкотијата на теренот дури во неделата наутро успеале да го пронајдат телото на повредениот Американец.

Ненад Икониќ од Планинската спасувачка служба на Република Српска (ГСС) претходно изјави дека несреќата се случила на надморска височина од околу 2.200 метри, а во потрагата била ангажирана екипа на ГСС од 12 лица, помогната од полицијата и цивилната заштита.

Истрагата за оваа трагедија ја води Окружното обвинителство во Фоча, кое ќе ги испрашува сведоците. Станува збор за лица кои престојувале на Маглиќ кога мажот починал, а се државјани на Словачка и Русија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Состанок на ММФ и Светската банка од утре до 26 април во Вашингтон
Следна Статија Германија: Масивна потера по сторителот на двојно убиство близу Франкфурт

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Радев ја сака Македонија во ЕУ, но само со Бугари во Устав

Поранешниот претседател на Бугарија, Румен Радев кој сега со мнеговото движење влезе во трка за бугарската влада, во интервју за…

February 23, 2026
БАЛКАН

Српските студенти планирале да ја заземат контролата на летање на аеродромот во Белград

Српските студенти кои се под контрола на опоизицијата Студентски планирале терористички напад на аеродромот „Никола Тесла,“ а имале и свои…

April 8, 2025
БАЛКАН

Српскиот пасош станува се поактрактивен за Македонците

Македонските граѓани се почесто се одлучуваат да извадат српски пасош. Блискоста меѓу двете земји и народи го направи пасошот на…

March 15, 2026
БАЛКАН

Хорор во Косово: Татко ги избоде двете ќерки и сопругата – едната ќерка почина

Основниот суд во Призрен му одреди мерка притвор од 30 дена на турскиот државјанин М.Г., со привремено живеалиште во Призрен,…

May 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?