Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димовски: Потребна ни е сплотеност за подобра иднина на државата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Димовски: Потребна ни е сплотеност за подобра иднина на државата
МАКЕДОНИЈА

Димовски: Потребна ни е сплотеност за подобра иднина на државата

Објавено April 20, 2025 18:37
Сподели
Сподели

Суштината на овој празник се љубовта и надежта, а тоа е она што нам ни е потребно, нагласи денеска во изјава за медиумите заменик претседателот на Владата задолжен за политички систем и претседател на Социјалистичката партија на Македонија, Љупчо Димовски пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“.

-Сакам на сите да им посакам добро здравје, мир, спокој во срцата и многу добар и голем просперитет и на државата и на граѓаните. Сакам да потсетам дека суштината на овој празник се љубовта и надежта, а тоа е она што нам во овие времиња ни е потребно, особено единството како сега што во храмот на светата литургија имавме можност да го видиме, така ни треба внатре, меѓу самите граѓани и самиот народ, меѓу сите политички фактори – единство, затоа што Македонија и граѓаните во Македонија се исправени пред големи предизвици на кои мора да им се даде соодветен одговор, а тој одговор почнува од внатрешното единство, порача Димовски.

Тој ја потенцира потребата од сплотеност на политичките сили за подобра иднина на нацијата и државата.

– Во таа насока, сакам да ја истакнам оваа порака, дека дефинитивно потребно е сите да седнеме, трезвено да размислуваме во интерес на државата и на нејзината иднина, за да можеме да ги пребродиме сите предизвици со кои се соочува денес нашата држава, подвлече Димовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мерцедес го сели производството во Унгарија поради поевтината работна сила
Следна Статија Неготинец украл возило и возел пијан, па излетал од патот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Груби се крие во албанското туристичко место Хамалај ?

Најновата неофицијална вест е дека поранешниот вицепремиер, Артан Груби, осомничен во случајот „Лотарија“, престојува во Албанија, во близина на Драч,…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Меџити доцна синоќа се огласи за Трубарево: Пожарот е под контрола, резултатите од мерењата се очекуваат

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, доцна синоќа се јави од Трубарево, каде што вчера избувна голем…

September 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче е исплашен од исказите на Груби

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека побарал објаснување од МВР и АНБ зошто би бил загрозен Артан Груби во затвор и…

February 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Православните верници го слават светиот великомаченик Ѓорѓија Победоносец

Верниците со православна вероисповед денес го празнуваат посен свети Ѓорѓија. Освен како семејна слава, овој голем ден се празнува и…

December 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?