Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Приведени тројца пијани возачи на подрачје на СВР Штип: Најмладиот има 18 години и 1,62 промили алкохол
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Приведени тројца пијани возачи на подрачје на СВР Штип: Најмладиот има 18 години и 1,62 промили алкохол
ХРОНИКА

Приведени тројца пијани возачи на подрачје на СВР Штип: Најмладиот има 18 години и 1,62 промили алкохол

Објавено April 21, 2025 10:42
Сподели
Сподели

Вчера во 20.40 часот на улица „Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 50-годишниот С.О. од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал С.О. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,99 промили алкохол во крвта.

Денеска во 02.45 часот на булевар „Македонија“ во Делчево, полициски службеници го лишиле од слобода 18-годишниот Д.С. од Делчево. При контрола во патниот сообраќај и по преземени мерки било констатирано дека дека е под дејство на алкохол, односно дека управувал патничко возило „сеат“ со делчевски регистарски ознаки со 1,62 промили алкохол во крвта.

Додека, вчера во 23.20 часот на улицата „Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полициски службеници го лишиле од слобода 34-годишниот Д.В. од Македонска Каменица затоа што при сообраќајна контрола било констатирано дека управувал патничко возило „форд фиеста“ со регистарски ознаки на Македонска каменица со 1,53 промили алкохол во крвта.

Лицата биле исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фото: Формула 1 во сенка на Џеј Ло
Следна Статија Европратеници поднесоа 313 амандмани на текстот за извештајот за Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Бебе старо осум дена починало на Детската клиника

Новороденче старо само осум дена, починало на Детската клиника во Скопје. Оваа информација ја пренесе 24инфо. Контактиран бил и директорот…

November 2, 2024
ХРОНИКА

„Заработиле“ над 3 милиони денари: Постапка против 43 лица кои земале „брзи кредити“ на туѓо име, еве како ги злоупотребувале податоците

МВР поднесе кривична пријава, а Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе постапка против вкупно 43 лица кои со различни дејствија…

April 10, 2025
ХРОНИКА

Полицаец од Битола дивеел со колата: Без дозвола, пијан и двојно побрзо од дозволеното

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Битола, откако бил фатен како управува возило…

April 17, 2026
ХРОНИКА

Уапсен кумановец, возел со 1,52 промили алкохол во крвта

Изминатата ноќ, околу 01.00 часот по полноќ, на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во населба Доброшане во Куманово, полициски…

March 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?