Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Со истрагата за криминалната група „Беланоца-Барон“ најмалку 7 убиства се расветлени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Тошковски: Со истрагата за криминалната група „Беланоца-Барон“ најмалку 7 убиства се расветлени
ХРОНИКА

Тошковски: Со истрагата за криминалната група „Беланоца-Барон“ најмалку 7 убиства се расветлени

Објавено December 16, 2024 19:00
Сподели
Сподели

Сузбиена е 18-члена организирана криминална група, која извршувала убиства, изнуди, а е поврзана и со палењето на автомобилите на вработени во затворската полиција, информираше на денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој изнесе детали за предметот „Беланоца-Барон“, а за кој претходно детално информираше и Јавното обвинителство.

Тошковски посочи дека во текот на вчерашниот ден, во вечерните часови спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена 18 члена организирана криминална група, составена од лица од Скопје, кои подолг временски период биле инволвирани во вршење на кривични дела од областа на сериозен насилен криминал и недозволена трговија со оружје.

-Претреси се извршени кај 24 лица на вкупно 30 локации, од кои 28 на подрајче на Скопје и две на подрачје на Велес. По извршените претреси досега е пронајдено огнено оружје, друга опрема поврзано со истото, панцири и досега се пронајдени некаде околу 30 милиони денари, во различни апоени, кај осмоничените, пет моторни возила се одземени, накит, поголема количина на злато, девет мобилни телефони, пет сим картички, држачи за истите, 12 рачни часовници, ресивери и итн, кои се одземени и ќе бидат предмет на вештачење, изјави Тошковски.

Во тек се претреси, а како што рече Тошковски и ќе продолжат и во наредните денови. Посочи дека на 16 декември поднесена е кривична пријава против 18 лица за сторени повеќе кривични дела, меѓу кои убиство, убиство во обид, кои се извршени во последните две-три години, а меѓу кои познато за јавноста во Шиша бар, кое предизвика голема вознемиреност кај македонската јавност, како поднесена е и кривична пријава за изнуда предизвикување на општа опасност и злосторничко здружување.

-Во текот на 2020 година дел од пријавените создале група, која имала за цел вршење на кривични дела убиство. Организаторите на оваа криминална група подготвувале планови и носеле одлуки, за тоа кој, кога, каде и на каков начин ќе биде лишен од живот, а одлуките ги спроведувале лично или преку припадници на криминалната група, кои ги прифаќале и спроведувале, вели Тошковски.

Тој истакна дека во текот на 2021 година пет лица создале и група за извршување на убиства, кои се приклучиле кон оваа група, прифајќи го планот за лишување на лица од други организирани групи, како и на лишување на лица поради одмазда.

Тошковски истакна дека групата била организирана и секое од лицата имало задачи. Во 2023 година од осмоничените лица, или вкупно тројца формирале и група за изнуда, кои на насилен начин, со сериозни закани изнудувале пари од менаџери, сопственици, а дел од криминалната група била задолжена и за опожарување на објекти и автомобили. Секој од нив имал задачи во делот на планирање, упатување на закани, како и на земање на пари, за наводно обезбедување на објекти, меѓу кои и на спортски обложувалници. Оваа криминална група опожарила пет спортски обложувалници и една сендвичара. Оваа група се поврзува и со опожарување на возилата на вработени на затворската полиција. Министерот за внатрешни работи, Тошковски истакна дека со оваа истрага најмалку седум убиства се расветлени, а посочи дека акцијата покажала дека и нечесни полицајци, кои помогнале на еден од осмоничените на 10 минути пред да влезе полицијата во објектот излегол од него. Порача дека заврши времето на криминалот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вонреден инспекциски надзор за починатото бебе на Детска клиника во Скопје
Следна Статија (ВИДЕО)Мицкоски: Груби заедно со уште едно лице со дипломатско возило вчера ја напуштил Македонија и заминал во Косово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Силувана 77 жена од радовишко

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.С.(42) од село…

July 4, 2025
ХРОНИКА

Што ќе открие? Ќе се вештачи чаурата пронајдена во близина на телото на Панче Жежовски

Судот на крајот на денешното прифати да се прибави видеозапис од експозититурата на Халкбанка за ден 27.11.2023 година од 9…

April 28, 2025
ХРОНИКА

За мајката на која ѝ пукна водењакот кога дозна дека сопругот е почина, за полицајците кои миеле повредени и менувале инфузии…

Kружи вирален статус за вистинските херои од Кочани. Велат: „Нешто што нема да го прочитате и видите на друго место,…

March 27, 2025
ХРОНИКА

Обвинение за загрозување на сигурноста на судија во Гостивар: обвинетиот влегол во дворот на куќата на судијата и му се заканувал

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста…

May 19, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?