Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Приведена 42 годишна жена која вчера со автомобил удри во пешак и избега без да му помогне
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Приведена 42 годишна жена која вчера со автомобил удри во пешак и избега без да му помогне
ХРОНИКА

Приведена 42 годишна жена која вчера со автомобил удри во пешак и избега без да му помогне

Објавено February 1, 2025 10:42
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи информира дека е пронајдена и приведена 42 годишна жена која вчера со автомобил удрила пешак и избегала без да му помогне.

„На 31.01.2025 во 17.30 часот во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје е пронајдена и лишена од слобода С.В.М.(42), затоа што на 31.01.2025 околу 14 часот на крстосница од бул. „Кузман Јосифоски Питу“ и ул. „Бојмија“ со патничко моторно возило „цитроен“ удрила во пешакот А.М. (38) од Скопје и го напуштила местото на настанот без да укаже помош на повредениот. А.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани телесни повреди“, велат од МВР.

Оттаму додаваат дека по наредба на јавен обвинител С.В.М. е задржана во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

Оваа несреќа се случи додека траеше протестот поради смртта на 22-годишната Фросина Кулакова која беше прегазена на булевар „Партизански одреди“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕУ бара инструменти со кои парите на Европејците „ќе работат, наместо да спијат“
Следна Статија Лефков: ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на сите пресуди каде криминалци наместо затворски добиле пониски казни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Нови апсења во Кочани: Приведени се 13 началници и полицајци

Нови апсења денеска во Кочани, а поврзани со пожарот кој се случи во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 62 лица,…

June 12, 2025
ХРОНИКА

Палевски инсинуира алиби со уплатници од банка

Со прикажување уплатница од една банка во Скопје, адвокатите на првообвинетиот Љупчо Палевски, на денешното рочиште за убиствата на Вања…

March 5, 2025
ХРОНИКА

Кривична за мачење на животни за монструмот кој влечеше куче со автомобил низ Крива Паланка

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено…

May 11, 2025
ХРОНИКА

Вандализам во модуларната болница во Штип, уништена е електричната инсталација

Вандализам во модуларната болница во Штип. Уништена е електричната инсталација и клима уред. Непознати сторители саботирале делови од електричната инсталација,…

May 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?