Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се разгледуваат можности за изградба на нов саемски комплекс во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Се разгледуваат можности за изградба на нов саемски комплекс во Скопје
МАКЕДОНИЈА

Се разгледуваат можности за изградба на нов саемски комплекс во Скопје

Објавено April 22, 2025 13:27
Сподели
Сподели

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, денеска одржа работна средба со претставници на „Скопски саем“, на која дискутираа за потребата и важноста од изградба на нов саемски комплекс во Скопје. На средбата беа разгледани можностите за локација, инфраструктурни услови и иновации кои би го направиле новиот саемски простор конкурентен на регионалните и меѓународните пазари.

„Враќањето на „Скопски саем“ во сопствен објект не само што ќе ја оживее економската активност, туку и ќе го зајакне регионалниот и меѓународниот профил на Македонија како важен трговски и деловен центар“, изјави директорот Томовски, истакнувајќи го значењето на оваа иницијатива за развојот на економијата.

Даниела Глигоровска, директорка на „Скопски саем“, ги нагласи предностите од обновување на саемската активност, која веќе неколку години не се одржува во свој објект.

„Саемите претставуваат клучни настани за промоција на македонските производи и услуги, како и за создавање на нови можности за странски инвестиции и соработка. Изградбата на современ саемски комплекс ќе ги отвори вратите за нови можности и ќе создаде услови за зајакнување на економијата“, додаде Глигоровска.

На средбата беше договорено меѓуинституционалната соработка и поддршка да продолжи и во периодот што следи подетално да се разгледаат сите аспекти и можности за изградба на нов објект за потребите на саемските манифестации

.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Заврши доказната постапка во судскиот процес поврзан за пожарот во модуларната болница, завршните зборови во мај
Следна Статија Дизелот и бензинот со иста цена, се намалува мазутот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

45.000 евра казна и затворање на погонот на „Екопор“ поради излевањето на хемикалии во Пинтија

Пожарникари и инспектори на Град Скопје излегоа на терен по еколошкиот инцидент со излевањето на хемикалии од приватната компанија „Екопор“…

May 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари за починатото 14-месечно бебе: Се надевам ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле

Министерот за здравство Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со починатото 14-месечно бебе во Скопје, изјави дека добро…

October 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Самитот на ЕПП: Учеството на ваквите меѓународни настани е клучно за зајакнување на позицијата на земјата во европскиот контекст

Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил напиша дека имал чест да учествува на Самитот на Европската народна партија (ЕПП),…

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Адем Чучуљ избран за претседател на ДКСК

Собранието на денешната седница го избра Адем Чучуљ за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Од…

December 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?