Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Заврши доказната постапка во судскиот процес поврзан за пожарот во модуларната болница, завршните зборови во мај
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Заврши доказната постапка во судскиот процес поврзан за пожарот во модуларната болница, завршните зборови во мај
ХРОНИКА

Заврши доказната постапка во судскиот процес поврзан за пожарот во модуларната болница, завршните зборови во мај

Објавено April 22, 2025 14:03
Сподели
Сподели

Денеска заврши доказната постапка во повторениот судски процес за обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми и ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, како правно лице, кои се обвинети за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“, во врска со пожарот што на 8 септември 2021 година изби во модуларната болница во Тетово при што животот го загубија 14 лица.

Во текот на денешната главната расправа прво се читаа искази на сведоци на Обвинителството дадени во првиот судски процес, а потоа се прочитаа и три искази дадени на сведоци предложени од одбраната на обвинетите.

Кога судијата Реџеп Муса констатираше дека заврши доказната постапка ги праша сите страни во процесот дали може да се продолжи расправата со завршен збор. Адвокатот Илчо Гавровски, бранител на обвинетиот Бесими, побара одбраната да добие препис на електронски докази, што беше одбиено од судот. Судијата обраложи дека истите електронски докази веќе биле репродуцирани на 18 март 2025 и дополнително барање за издавање на препис на такви докази е во спротивност на начелото за ефикасна и економична постапка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Екс потпретседателот на СДСМ ограбен за Велигденските празници, украден сеф, вредноста на предметите околу 50.000 евра
Следна Статија Се разгледуваат можности за изградба на нов саемски комплекс во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пелети полиени со бензин укажуваат дека пожарот кај Блаце е подметнат, нема изгорени куќи во Чучер

Постојат индиции пожарот кој во неделата околу попладне избувна на магистралниот пат од Скопје кон граничниот премин Блаце да е…

July 8, 2025
ХРОНИКА

Обвинение против 10 лица и едно правно лице за проституција, перење пари и трговија со дрога

По завршувањето на истражната постапка која ја водеше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во…

January 17, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Сведоштва на преживеани во трагедијата во Кочани: Сестра ми е изгубена, не можеме да ја најдеме во никоја болница

Марија Тасева, 20-годишна девојка која е една од повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, пред камерата на МИА сведочеше…

March 16, 2025
ХРОНИКА

Гореше стан во скопски Мичурин, нема повредени

Попладнево избувнал пожар во стан на четвртиот кат од зграда во скопската населба Мичурин. Според првичните информации, пожарникарите од Противпожарната…

March 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?