Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април
ХРОНИКА

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април

Објавено April 23, 2025 19:24
Сподели
Сподели

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април откако денеска во Основен Кривичен суд Скопје сведочеше обвинетиот Љупчо Палевски. Следното рочиште треба да продолжи со вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети.

Во својот исказ Палевски денеска повторно ги оспори обвинувањата против него, тврдејќи дека доказите на обвинителството се нецелосни и манипулативни. Палевски, негираше вина дека учествувал во грабнувањето и убиството на Вања и Панче. Тој тврди дека на денот на убиството на Вања бил во банка да плаќа сметки, по што отишол на пазар на купи грејач за котел, па се вратил во седиштето на политичката партија „Десна“ каде имал состаноци со членови од партијата. Палевски, исто така, тврди дека не го возел Цитроенот на Жежовски, ниту дека некогаш бил во неговата куќа.

Мотив да го направам ова кривично дело немам, не сум ни имал и не сум го сторил ова кривично дело за кои ми прочитавте цитат од обвинение и ме прашувате, изјави Палевски.

Според него, доказите во истрагата против него се фалсификати. Во својата одбрана, Палевски посочи и други, според него, недоследности во истрагата, особено во врска со видео-снимките што ги презентираше обвинителството.

Адвокатот Јовица Страшевски, неговиот бранител, исто така во изјава за медиуми, истакна дека постојат значителни разлики меѓу изведените докази и изјавите на обвинителството.

Доказите што ги изведуваше ОЈО и нивните прашања поставени кон обвинетите покажуваат големи разлики во однос на изјавите и презентираните материјали, изјави Страшевски, нагласувајќи дека денешното сведочење на Палевски е клучно за да се утврдат овие неусогласености.

Палевски е последниот сведок кој треба да сведочи, откако претходно, покрај сведоците на Обвинителството, беше сослушан таткото Александар Ѓорчевски, како и останатите обвинети. Обвинетиот Велибор Манев ги образложи грабнувањата и убиствата на Вања и Панче, посочувајќи дека главен организатор бил Љупчо Палевски. Боре Видевски го негираше своето учество во настаните, додека, Влатко Кешишев посочи дека тој не сведочел на истите, бидејќи најчесто му била давана задача да чува стража.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Патријархот Порфирије му рекол на Путин дека во Србија се случува „обоена револуција“
Следна Статија Во несреќен случај загина 46-годишен камионџија од Желино

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Малолетници краделе во маркет во ГТЦ

На 24.04.2026 во 21:50 часот во Градскиот трговски центар во Скопје, полициски службеници приведоа двајца малолетници од Скопје и Богданци,…

April 26, 2026
ХРОНИКА

Царина заплени речиси 3.000 парчиња шверцувана стока на повеќе премини

Царинските службеници и мобилните тимови на граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село во изминатиот период запленија речиси три…

October 29, 2025
ХРОНИКА

Се трага по едно лице со македонски пасош по пожарот во Швајцарија

Сè уште нема нови информации за судбината на македонскиот државјанин кој се води како исчезнат по катастрофалниот пожар во ски-центарот…

January 2, 2026
ХРОНИКА

Фрлал со камења кон полицискиот хеликоптер кој гаси пожари: Скопјанец приведен поради загрозување на безбедност

Вчера во 18:55 часот полициски службеници од ПС Карпош го лишија од слобода И.А. (55) од Скопје поради сомнение за…

August 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?