Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ако работодавачите и работниците се договорат за минималната плата, Владата ќе го прифати договореното
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Ако работодавачите и работниците се договорат за минималната плата, Владата ќе го прифати договореното
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Ако работодавачите и работниците се договорат за минималната плата, Владата ќе го прифати договореното

Објавено April 24, 2025 16:55
Сподели
Сподели

„Ставот наш околу минималната плата е многу јасен и не се темели на никакви импровизации. Ние моравме како Влада, а на предлог на министерството за економија и труд да донесеме минимална вредност на минималната плата, по закон. И врз основа на тој закон луѓето од министерствата ја пресметаа и таа се усвои таква кава што е. Значи моменталната состојба на минималната плата е согласно закон кој што го договорил истиот овој Синдикат кога бил репрезентативен.“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на денешната собраниска седница одговарајќи на пратеничко прашање.

Мицкоски потенцираше дека тие како Влада мора да го почитуваат законот.

„Ние мораме како Влада да почитуваме закон и сме го почитувале тој закон и сега дали на некој тоа му се допаѓа во вредност или не му се допаѓа, тоа е друго. Лично јас сметам дека треба да биде и 1000 евра минималната плата, и тоа можеби е малку. Лично сметам дека на тој начин приходите на Буџетот ќе бидат поголеми, но дали тоа бизнисот ќе може да го издржи е прашање кое што треба да го одговорат работодавачите“, изјави тој и додаде:

„До сега надвор од закон се утврдувала вредноста на минималната плата во рамки на Економско социјалниот совет и дијалогот кој што таму го води Владата, работникот и работодавачот. Сега претставници од страна на работниците немаше бидејќи репрезентативноста на Синдикатот истече. Во меѓувреме министерствата за правда, економија и труд и социјална политика, демографија и млади номинираа свои претставници во комисијата која што треба да определи репрезентативност на синдикатите, таа комисија е комплетна. За време на состанокот кој што го имавме со синдикатите сите се сложија со еден предлог, а тоа е нивото од 10 проценти кое се утврдува за да се пресмета репрезентативноста од членовите на синдикалната организација да се пушти 5 проценти. Ние не сме против, ние сме за, и веќе дадов налог да се изготви законски измени со кој што ќе биде на 5 проценти и на тој начин ќе бидат опфатени поголем бројот од синдикатите и ќе бидат дел од Економско социјалниот совет,рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека откако ќе се формира тој економски социјален совет подготвен е веднаш да се свика седница и доколку работодавачите и работниците се усогласат за минималната плата, тој е подготвен да се интервенира во законот.

-Откако ќе се формира овој Економско социјален совет ние сме подготвени веднаш да организираме седница и на таа седница да се дискутира за утврдување на минималната плата надвор од законскиот оној кој што е донесен, и подготвени сме веднаш да интервенираме во законот доколку работниците и работодавачите се усогласат, дали тоа ќе биде 25.000, 27.000, 30.000 денари, како ќе се договорат, ние така ќе прифатиме, дециден е Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Криптовалути: следното ниво во управувањето со капиталот
Следна Статија Ристески: Мерките со ограничени маржи на производите кои истекуваат на 30 април дадоа ефекти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Поскапуваат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување…

February 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Крајот на септември ќе избереме изведувач за автопатот Скопје-Блаце, за две ипол години ќе го изградиме

Изминативе 9 месеци засилено работиме со Европската Банка за Обнова и Развој на постапките за доизградба на автопатот Скопје-Блаце. Имаме…

July 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Расте македонскиот извоз,одлична вест за македонската економија

Расте македонскиот извоз! Одлична вест за македонската економија. Во месец Мај, македонскиот извоз порасна за огромни 23,44% во евра, во…

July 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Прв пад на цената на кафето во Бразил по 18 месеци

Потрошувачките цени на кафето во Бразил беа пониски во јули за 1,01 % во споредба со претходниот месец, што е…

August 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?