Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Инцидент во српска рафинерија: Истекоа 82.000 литри нафта, можно загадување на Дунав
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Инцидент во српска рафинерија: Истекоа 82.000 литри нафта, можно загадување на Дунав
БАЛКАН

Инцидент во српска рафинерија: Истекоа 82.000 литри нафта, можно загадување на Дунав

Објавено April 24, 2025 18:36
Сподели
Сподели

Околу 82.000 литри нафта се излеале за време на товарење во шлеп на компанијата „Нафтахем“ од Нови Сад од српската рафинерија во Панчево на 21 април околу 7:00 часот, соопшти денеска Основното обвинителство во Панчево, а пренесе регионалната телевизија Н1. Дел од нафтата завршила во заштитната бариера околу шлепот, а потенцијално и во реката Дунав.

Дежурниот обвинител веднаш излегол на местото на инцидентот, каде извршил увид заедно со припадници на полицијата, покраински инспектори за заштита на животната средина, државни инспектори за безбедност во пловидбата и за превоз на опасни материјали, се наведува во соопштението.

Истрагата утврдила дека на 20 април шлепот, сопственост на „Нафтахем“, пристигнал на третиот пристаништен кеј на рафинеријата во Панчево, а на 21 април, во периодот меѓу 7:02 и 7:35 часот, за време на товарењето на нафта, се излеале околу 82.000 литри во заштитната бариера околу шлепот и потенцијално во Дунав.

Институтот за јавно здравје земал мостри од водата во близина на шлепот и на други делови од реката Дунав, со цел да се утврди степенот на загадување. Службата за јавно здравје во Панчево, во соработка со полицијата и надлежните инспекторати, ќе преземе дополнителни мерки и ќе ја утврди причината за еколошкиот инцидент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тренчевска бара оставка од Таравари: Владата и министерот го донесоа здравствениот систем до степен на „тешко болен пациент“
Следна Статија Орбан: Влезот на Украина во ЕУ е смртоносен удар за Унгарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(Видео) Еди Рама повторно на колена пред Мелони

На Конференцијата за обнова на Украина што се одржа во Рим, албанскиот премиер Еди Рама клекна по втор пат пред…

July 11, 2025
БАЛКАН

Вучиќ: Вучевиќ не е виновен за одлуката на фон дер Лајен, јас сум против каква било поделба меѓу ЕУ и БРИКС

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, не направил ништо лошо, што би предизвикало…

October 26, 2024
БАЛКАН

Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица

Силна експлозија се случи синоќа во селото Варага во Зубин Поток, северно Косово, од која е оштетен водоснабдувачкиот систем Ибар-Лепенец…

November 30, 2024
БАЛКАН

Силно невреме во Хрватска: Училиштата во Загреб затворени, дрвја на патиштата поради силни ветрови

Силната бура сè уште предизвикува големи штети низ цела Хрватска. Пожарникарите и службите за итни случаи од вчера попладне работат…

March 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?