Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче немал златна виза за Дубаи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филипче немал златна виза за Дубаи
МАКЕДОНИЈА

Филипче немал златна виза за Дубаи

Објавено April 25, 2025 16:17
Сподели
Сподели

За обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека поседува златна виза за Дубаи, претседателот на СДСМ, Венко Филипче целосно демантираше. Тврди дека нема виза која што е поврзана со инвестиции или со недвижности.

-Немам илјадници евра, немам сметки…Немам виза која што е поврзана со милиони, авиони, камиони, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, додавајќи дека има само „виза која што му овозможува да патува“.

На констатацијата на една од новинарките дека од денеска, македонските граѓани без визи ќе можат да патуваат во ОАЕ, Филипче само се насмеа.

ВМРО-ДПМЕ го прашуваше лидерот на СДСМ и неговиот претходник, Зоран Заев да кажат дали поседуваат „златни визи за Дубаи и колку милиони им се трансакциите во Дубаи“.

-Додека Заев, како инвеститор, гради згради во Дубаи и му прави засолниште на Филипче, тој му ја чува фотелјата во СДС. Зоран Заев со една рака на срце се колнеше во македонската жица и тврдеше дека си ја сака земјата, додека со другата ја распродаваше и делеше стотици милионски тендери на своите роднини и фирми. И додека се празнеше буџетската каса, а народот осиромашуваше, Заев профитот и провизиите од криминалните зделки ги инвестира во Дубаи каде што најде сигурно прибежиште. Филипче, продолжената рака на Заев, додека му го чува партиското столче и глуми загрижен за социјалдемократските вредности да им каже на сопартијците и граѓаните дали поседува златна виза и дали има луксузен стан во Дубаи, велеа од најголемата владеачка партија.

На почетокот на ноември лани, повеќе македонски портали објавија вест како Филипче заедно со екс-лидерот на СДСМ неодамна присуствувал на забава во градот Дубаи, во Обединетите Арапски Емирати, каде што со другите гости уживале во песните на српскиот фолк-пејач Харис Џиновиќ. Во веста порталите објавија и видео-снимка што наводно е од забавата, а на која Филипче и Заев можат да се забележат во добро расположение.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претседателката Сиљановска-Давкова на погребот на папата Франциск
Следна Статија Oткако не го уапсија Додик им покажа три прста

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија

Ќе се бираат нови кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права. Владата ја поништи претходната предлог листа на…

July 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски оствари средба со амбасадорот на Република Австрија

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски оствари работна средба со Н. Е Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија. Претседателот на…

July 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Создаваме ново поглавје во стратешкото партнерство меѓу Македонија и Велика Британија

Стабилни економски и политички односи, високо ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија и силен партнер во релизацијата…

October 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ДУИ ако не е на власт зборува за етничка поларизација, тезата им е погрешна, кога беа на власт имаше само многу криминал

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на самиот…

August 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?