Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Лејкерси паднаа во финишот, први победи во плејофот за Милвоки и Орландо
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Лејкерси паднаа во финишот, први победи во плејофот за Милвоки и Орландо
СПОРТ

(Видео) Лејкерси паднаа во финишот, први победи во плејофот за Милвоки и Орландо

Објавено April 26, 2025 09:12
Сподели
Сподели

Минесота Тимбервулвс поведоа со 2:1 во плејоф серијата против Лос Анџелес Лејкерс откако победија со 116:104 на домашен терен. Првите победи во серијата од првото коло од плејофот ги забележаа Орландо и Милвоки.

Тимбервулвс во првиот натпревар во Минеаполис го одбранија брејкот направен во Лос Анџелес.

Натпреварот беше полн со пресврти. По почетното водство на Лејкерси од три поени, Минесота ја презеде контролата врз резултатот во првата четвртина со серија од 11-0, во која имаше предност од осум поени. Нов пресврт се случува во втората четвртина. Лејкерси поведуваат со серија од 13-3, која ја држеа до полувремето, кога заминаа со водство од 58:54.

Подобриот почеток на третата четвртина за Минесота му го врати водството на домаќинот. Тимбервулвс поведоа со 85:78, но следеше нова серија од 8-1 на Лејкерси и на самиот почеток од четвртата четвртина стигнаа до израмување 86:86.

Тоа беше моментот во кој гостите последен пат имаа позитивен резултат, бидејќи Минесота постигна пет брзи поени, а потоа ја зголеми разликата на +12.

Во победничкиот тим, најистакнати беа МекДениелс со 30 поени и Едвардс со 29, кои додадоа и осум скока и асистенции. На другата страна, Леброј Џејмс постигна 38 поени со 10 скока. Ривс го следеше со 20, додека Лука Дончиќ успеа да постигне 17 поени, шутирајќи 6/16 од поле и 2/8 за тројки. Тој забележа осум асистенции и седум скока, но исто така го водеше тимот по број на изгубени топки – пет.

Четвртиот натпревар помеѓу Минесота и Лејкерси исто така се игра во Минеаполис во недела навечер во 21:30 часот.

На Истокот, во сериите Бостон-Орландо и Индијана-Милвоки, домашниот терен засега е задржан. Орландо, по голема борба и пред сè со одлична игра во третата четвртина, која ја доби со 24:11, успеа да забележи победа од 95:93 и да го намали актуелниот шампион Бостон на 2:1 во серијата.

Милвоки го стори истото против Индијана. Бакс славеа со 117:101 и ја намалија серијата на 2:1. Јанис Адтетокунмпо постигна 37 поени, 12 скока и шест асистенции, а Гари Трент исто така имаше 37 поени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Финалето од Купот на Македонија ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“
Следна Статија Тесла опишал што би можело да ни се случи до 2035 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

ВАР му поништи три гола на Реал, сепак со пресврт стигна до победа над Мајорка (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид го остварија својот трет триумф во исто толку натпревари на почетокот од новата сезона во Примера…

August 31, 2025
СПОРТ

(Видео) Трипл-дабл на Јокиќ со 61 поен, Денвер по две продолженија загуби од Минесота

Кошаркарите на Денвер Нагетс по две продолженија загубија од Минесота Тимбервулфс. Минесота триумфираше со резултат 140:139, а мечот го одбележа…

April 2, 2025
СПОРТ

Филип Кузмановски во ТОП 5 најдобри стрелци на СП во ракомет

Заврши ракометниот Мундијал 2025, Данска по четврти пат ја освои светската титула. Данските ракометари во големото финале во Осло триумфираа…

February 3, 2025
СПОРТ

Нејмар во изненадувачки трансфер се враќа во Европа?

Нејмар (33) би можел да се врати во европскиот фудбал. Сериозен интерес за него покажува Олимпик Марсеј, пишуваат неколку извори.…

July 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?