Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија го претрпе првиот пораз во квалификациите за ЕП 2026 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонија го претрпе првиот пораз во квалификациите за ЕП 2026 година
СПОРТ

Македонија го претрпе првиот пораз во квалификациите за ЕП 2026 година

Објавено November 11, 2024 09:00
Сподели
Сподели

Ракометната репрезентација на Македонија доживеа неочекуван пораз на гостувањето кај Литванија со 29-27, во меч од квалификациите за пласман на ЕП. После тешката победа над Естонија на домашен терен во првото коло, избраниците на Кирил Лазаров потклекнаа против мотивираните литванци и само си го компликувавме патот до континенталниот собир.

Ова беше четврти официјален натпревар помеѓу Литванија и Македонија, а ние се уште немаме победа против селекцијата од Балтикот.

Македонската репрезентација одигра лошо прво полувреме, во кое освен почетното водство од 1-0 и 2-1, темпото го диктираа домашните, кои на моменти имаа и предност од три гола разлика, но сепак, на паузата се замина со минимално водство за Литванија од 13-12.

На стартот од второто полувреме, веднаш пресврт и водство на Македонија, но не успеавме да се одлепиме, па водството го имавме се до 21-20, а потоа повторно домашните поведоа, а во финишот од мечот и со два гола предност, што на крајот се покажа и како доволно за победа. Ние до крајот иако форсиравме, сепак не успеававме да се вратиме резултатски, па на крајот и заслужено бевме поразени.

Филип Кузмановски со осум гола беше најефикасен, додека Пешевски и Серафимов мечот го завршија со по пет гола. Квалификациите за пласман на Европското првенство ги продолжуваме во март следната година со двомеч против Словенија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопје се буди како четврти најзагаден град во светот
Следна Статија ВИДЕО: Се забели и Водно, прв снег во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

ФК Осогово не ги заборави верните навивачи Томас и Александар кои загинаа во пожарот во „Пулс“

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот…

March 14, 2026
СПОРТ

(Видео) ПСЖ го преживеа пеколот на „Вила Парк“, а Барса драмата во Дортмунд

Фудбалерите на ПСЖ и Барселона се пласираа во полуфиналето во Лигата на шампионите. Конечни резултати: Борусија Дортмунд – Барселона 3:1…

April 16, 2025
СПОРТ

Милевски го објави списокот за натпреварите со Саудиска Арабија и Лихтенштајн

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го соопшти списокот со повикани фудбалери за контролниот натпревар против Саудиска Арабија (4.…

August 27, 2025
СПОРТ

Родри ја освои Златната топка

Фудбалерот на Манчестер сити и шпанската репрезентација Родри ја освои Златната топка на гала вечерта во Париз, во организација на…

October 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?