Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скопје се буди како четврти најзагаден град во светот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Скопје се буди како четврти најзагаден град во светот
МАКЕДОНИЈА

Скопје се буди како четврти најзагаден град во светот

Објавено November 11, 2024 08:22
Сподели
Сподели

Според концентрацијата на ПМ2,5 и ПМ10 честичките во воздухот, Скопје утрово е четврти најзагаен град. Пред главниот град на Македонија се Лахор, Пакистан, Делхи, Индија и Ханој, Виетнам, покажуваат податоците на платформата Ај-кју-ер.

На оваа платформа, во моментов воздухот во Скопје е означен во категоријата „нездрав“. Концентрацијата на ПМ2,5 честичките е 74,2 милиграми на еден кубен метар воздух, а на ПМ10 честичките е 85,5.

Концентрацијата на ПМ2,5 честичките во Скопје е 14,8 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО).

Од градовите во регионот, најблиску до Скопје е Сараево (шесто место).

И според податоците од мерните станици на Министерството за животна средина, синоќа на полноќ во сите скопски општини загаденоста на воздухот со ПМ10 честичките е над дозволената концентрација од 50 милиграми на еден кубен метар воздух.

Според овие мерни станици загаден е воздухот и во Тетово, Гостивар, Кичево, Битола, Струмица, Кавадарци и Куманово.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Патот Кратово – Пробиштип непрооден за камиони поради наноси од снег
Следна Статија Македонија го претрпе првиот пораз во квалификациите за ЕП 2026 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Две третини од граѓаните не веруваат во фер судење

Дури 62,6 отсто од граѓаните во земјава сметаат дека не можат да добијат фер судење, покажува најновата анкета на Детектор.…

February 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фондацијата „Илија Камчев“ донира 300.000 евра за уредување на кејот во Марена

Планирано е целосно уредување на речното корито во селото Марена, при што семејството на бизнисменот Орце Камчев ќе донира околу…

March 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Зоолошката градина под клуч во следните три недели

Зоолошката градина во Скопје ќе биде затворена во следните три недели, односно 21 ден. Од Агенцијата за храна и ветеринарство,…

October 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

МВР: Кандидатите за Средното полициско да не се отпишуваат од матичните училишта пред завршувањето на селекцијата

Учениците што ќе конкурираат за прием во Средното полициско училиште „7 Мај“ не треба да се отпишуваат од училиштата во…

July 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?