Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одбележани 73 години од раѓањето на Горан Стефановски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Одбележани 73 години од раѓањето на Горан Стефановски
МАКЕДОНИЈА

Одбележани 73 години од раѓањето на Горан Стефановски

Објавено April 27, 2025 16:44
Сподели
Сподели

Кај спомен-клупата во Дебар Маало посветена на Горан Стефановски денеска се одржа  настан „Горан е тука“ по повод 73 години од раѓањето на познатиот драмски автор. 

На местото каде што во 2019 година беше засаден чинар во негова чест – во триаголниот парк спроти кафеаните „Наџак“ и „Идадија“ – љубителите на театарот, пријателите, семејството и почитувачите на делото на Стефановски се собраа да му оддадат почит.

Кај спомен-клупата посветена на уметникот се одржаа уметнички изведби кои потсетија на делото на Стефановски и на неговата трајна вредност за македонската култура.

Настанот опфати читање избрани текстови, изведени од Саша Димитриевска, Мирјана Трпковска-Костовска и Трајанка Илиева-Вељиќ, музички сет на Игор Стефановски, синот на драматургот, пантомима на Дарко Вељиќ, настап на групата „Аудио Скопје“,  живи статуи и учество на пријатели и колеги од театарот.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски истакна дека „Горан не беше само писател – тој беше совеста на едно време“ и дека „со секој збор создаваше светови во кои се огледува нашето минато и иднина“.

-Горан не е само спомен, тој е присуство. Преку новите културни сцени што никнуваат низ Центар, сакаме да ја пренесеме пораката дека културата е жив организам што нè обликува, ни дава идентитет и ни ја носи душата на времето. Чест ми е што ова центарско катче го носи токму неговото име. Горан е тука, во зборот, во мислата, во сцената што никогаш не згаснува. Ви благодарам што сте дел од ова заедничко сеќавање, истакна Герасимовски.

Настанот беше во организација на Здружението на граѓани „Тим Театрос К“, со поддршка од Општина Центар.

Горан Стефановски е роден на денешен ден во 1952 година во Битола. Почина на 27 ноември 2018 година во Кантербери, Обединето Кралство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Објектот на Левица е поранешен штаб на Палчо, тврдат од ВМРО ДПМНЕ
Следна Статија Осомничениот за убиството на рускиот генерал Москалик тврди дека бил платен од Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Обвинителството се откажа од гонењето на Дрин Ахмети!?

Обвинителството се откажа од кривично гонење на Дрин Ахмети, внук на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со пиротехничките…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Од нула локомотиви, за шест месеци успеавме да вратиме 14 локомотиви и возови на македонските пруги

За само шест месеци успеавме да оспособиме 8 активни локомотиви за карго превоз и 6 патнички возови. Претходно имаше нула…

February 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Камала Харис зборуваше за Илинденското востание

Во едно несекојдневно писмо до македонско-американската заедница потпретседателката Камала Харис, која е и кандидат за претседател на демократите, искажа редица…

October 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во Виена ја повика македонската дијаспора да се врати дома

Премиерот Христијан Мицкоски во Виена остварил средба со нашите сограѓани од македонската дијаспора, со кои, како што објави, разговарале отворено…

April 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?