Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рубио: Мировен договор меѓу Русија и Украина мора да се постигне наскоро
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Рубио: Мировен договор меѓу Русија и Украина мора да се постигне наскоро
СВЕТ

Рубио: Мировен договор меѓу Русија и Украина мора да се постигне наскоро

Објавено April 27, 2025 17:27
Сподели
Сподели

Американскиот државен секретар Марко Рубио кажа дека мировен договор меѓу Русија и Украина мора да се постигне наскоро и дека Вашингтон се обидува да утврди дали се исплати да продолжи да дејствува како посредник во тој процес.

„Не можеме да продолжиме да посветуваме време и ресурси на овие настојувања ако тие нема да вродат со плод“, кажа Рубио за Ен-би-си.

„Минатата недела навистина се бавев со тоа колку тие страни се сушност блиску и дали се доволно блиску за тоа да може да го оправда континуираното вложување на нашето време како посредник во тој процес“, додаде шефот на американската дипломатија.

Рубио не кажа колку долго владата на американскиот претседател Доналд Трамп е спремна да чека на постигнување напредок.

Трамп вчера кажа дека рускиот претседател Владимир Путин „може не сака да ја прекине војната“ во Украина и дека можеби „само го влече“, заканувајќи ѝ се на Москва со јакнење на санкциите.

Тој тоа го напиша на социјалната мрежа Трут соушал по разговорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Ватикан на маргините на погребот на папата Франциско.

Москва, пак, вчера објави дека Путин на состанокот со американскиот претставник Стив Виткоф во петокот кажал дека е спремен да преговара за исход на конфликтот во Украина „без какви било предуслови“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Села: 27 април е денот кога за првпат беше избран Албанец за претседател на Собрание
Следна Статија Албански државјанин баран со меѓународна потерница приведен на ГП „Блато”

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

ЕУ подготвува жесток одговор на царините на Трамп: на удар познати американски производи

Европската унија планира силен одговор на глобалните царини на Трамп од 25 отсто за челик и алуминиум, пишува Политико, повикувајќи…

March 12, 2025
СВЕТ

Орбан: Ниту еден патриот денеска не смее да остане дома

Ниеден патриот денеска не смее да остане дома – порача актуелниот премиер на Унгарија и лидер на десничарската и конзервативна…

April 12, 2026
СВЕТ

Зеленски: Најмалку 46.000 украински војници загинаа од почетокот на инвазијата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека повеќе од 46.000 украински војници се убиени од почетокот на руската инвазија во февруари…

February 17, 2025
СВЕТ

Епископите на Православната црква на Украина се подготвуваат да ја затворат својата црква

Епископите на самопрогласената Православна црква на Украина (ПЦУ) се подготвуваат да ја затворат својата црква. Епископот на Ужхород и Чуст,…

March 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?