Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Предвремени парламентарни избори нема да има, Владата и мнозинството се стабилни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Николоски: Предвремени парламентарни избори нема да има, Владата и мнозинството се стабилни
ПОЛИТИКА

Николоски: Предвремени парламентарни избори нема да има, Владата и мнозинството се стабилни

Објавено April 28, 2025 21:26
Сподели
Сподели

Предвремени парламентарни избори нема да има, граѓаните минатата година јасно ја изразија својата волја. Имаме стабилно мнозинство во Собранието, министрите и именуваните лица коректно ја вршат работата и заради тоа не гледам причина зошто да има предвремени избори, истакна вицепремиерот Александар Николоски, во вечерашното гостување во емисијата “360 степени”

Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се стабилни. Во однос на внатрепартиските препукувања во албанскиот коалиционен блок, рече дека тоа се внатрешни проблеми кои не влијаат на работата на Владата и проектите.

-Владата е стабилна, тука прашањето има три дела. Само ВМРО – ДПМНЕ да го гледаме, ние сами би можеле да водиме влада. Дали е политички или опортуно тоа е друго прашање, сега зборуваме за бројки.
Втора компоненета е заедно со ЗНАМ. Сега имаме стабилно мнозинство, ако на тоа дадеме уште 6 пратеници на ЗНАМ тогаш сосема е јасно за стабилна Влада. Но реалноста во Македонија е друга, тоа е што е. Добро е да има и партнери од албанскиот блок. Во овој момент мислам дека 4-те партии кои што се од коалицијата ВЛЕН -ВРЕДИ си ја завршуваат својата работа во рамки на Владата, министерите и другите именувани лица работат коректно и добро си ја работат работата и ние немаме забелешки. И се додека е така, не гледам ниедна причина да има рекомпонирање во рамки на Владата. Тоа што тие имаат внатре помеѓу себе несогласувања и тие не се насочени кон Владата туку кон локалните избори, тоа се работи што треба да си ги решаваат меѓу себе, истакна вицепремиерот Николоски.

Вицепремиерот упати јасна порака, место за ДУИ во Владата нема да има. Сите кои би соработувале со ДУИ, ќе одат во опозиција, потенцираше тој.

-Ако некој мисли дека ќе имаме Влада со сите политички субјекти на албанците, не мислам дека тоа е реално. Ако некој од партнерите во ВЛЕН мисли дека може да соработува со ДУИ и на тој начин директно да е во Владата и тоа не е реално и ние таа политика ќе ја држиме до крај оти дадовме ветување дека ДУИ ќе ги држиме надвор од Владата и тие 4 години тоа ветување ќе го одржиме. Ако некој мисли дека треба да соработува со ДУИ тогаш ќе е во опозиција, но до овој момент ние немаме најава од Таравари дека ќе оди во коалиција со ДУИ. Ако тоа се случи тогаш ќе оди во опозиција, истакна вицепремиерот Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Санчез: Сè уште неможе дефинитивно да се потврди што го предизвикало прекинот на електричната енергија на Иберискиот Полуостров
Следна Статија Средба со директорот за статистика на ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Груби и СДС го приватизираа судството кое носеше одлуки по нивна нарачка, дали и парите од митото заеднички ги делеле?

Артан Груби од ДУИ со неговите помагачи од СДС со години се мешаа во правосудните органи. За седум годиштното нивно…

December 15, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски нема да се кандидира за претседател на државата

Нама да се кандидирам на претседателски избори во 2029 година, изјави денеска македонскиот премиер Христијан Мицкоски. За време на престојот…

July 1, 2026
ПОЛИТИКА

Меџити: Чаир ќе добие Младински центар, дом на младински идеи и иновации

Кандидатот на коалицијата ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити и кандидатот за општински советник, Аритон Рама, денес го…

October 4, 2025
ПОЛИТИКА

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски претстави еко-дигитална кампања за Скопје

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја претстави својата визија за модерна, иновативна и еколошки одговорна кампања, во која…

October 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?