Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таравари: Одиме со посебни советнички листи и од тоа нема враќање назад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Таравари: Одиме со посебни советнички листи и од тоа нема враќање назад
ПОЛИТИКА

Таравари: Одиме со посебни советнички листи и од тоа нема враќање назад

Објавено April 29, 2025 13:11
Сподели
Сподели

Засега имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи и тоа е одлука на партијата. Од тоа нема враќање назад. За се друго, сме подготвени и отворени да разговараме со сите во однос на локалните избори, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари, кој е и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците.

Одговарајќи на новинарски прашања, Таравари рече дека има редовна комуникација со премиерот и дека откако тој ќе се врати од службеното патување, ќе разговараат.

Штом ќе се врати премиерот од пат, ќе се видиме и ќе разговараме, инаку имаме редовна комуникација. Тоа што го кажал господинот Николоски, сите ги слушам, меѓутоа ние сме автономна партија, одлучуваме сами. Засега имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи и тоа е одлука на партијата и од тоа нема враќање назад. За сето друго, сме подготвени и отворени да разговараме со сите во однос на локалните избори, рече Таравари.

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за емисијата „360 степени“ рече дека не очекува Таравари да преземе чекор со кој би коалицирал со опозициската ДУи, затоашто тоа за него би значело политичко самоубиство. Според Николоски, нема официјална најава од Таравари дека ќе коалицира до ДУИ.

Тој е многу политички искусен. Јас можеби најмногу од сите што сме во постојнава Влада сум го критикувал, но ако тоа го тргнеме настрана, факт е дека тој е политички искусен и не мислам дека е до толку, ај сега обратно да кажам – наивен, да влезе во соработка со ДУИ. Мислам дека малку и јавноста го потценува и не очекувам дека ќе направи чекор каде што политички би се самоубил. Би бил изненаден да покаже таква политичка наивност. Се разбира, не исклучувам такво сценарио, но би бил многу изненаден ако тоа се случи, истакна Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Не бегам, не молчам, не се кријам
Следна Статија Дел од семејствата на настраданите од „Пулс“ на средба во Обвинителството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Села смета дека нема ништо лошо што Таравари се среќава со Ахмети

Немам право, како и другите лидери на партии во Европскиот фронт што немаат право да се мешаат на кој било…

April 27, 2025
ПОЛИТИКА

Таравари смета дека лидерската што ја предлага Филипче би била само губење време

Не знам што би правеле на лидерска средба кога институциите беспрекорно работат, тоа би било само губење време, вели Арбен…

March 29, 2025
ПОЛИТИКА

Тошковски за барањата за оставка: МВР во изминатите две години по сите параметри и статистики има најдобри резултати

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од собраниска говорница одговори на барањата на опозоцијата за негова оставка, потенцирајќи дека…

May 28, 2026
ПОЛИТИКА

За Беџети кривичната пријава за проневера од 1,7 милиони евра била политички монтирана хајка

Пратеникот од ДУИ и поранешен градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, денеска одржа прес-конференција во Собранието, нагласувајќи дека кривичната пријава поднесена…

November 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?