Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски од Валенсија: Делегацијата на ВМРО – ДПМНЕ на панел во организација на ЕПП за демографската криза
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски од Валенсија: Делегацијата на ВМРО – ДПМНЕ на панел во организација на ЕПП за демографската криза
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Валенсија: Делегацијата на ВМРО – ДПМНЕ на панел во организација на ЕПП за демографската криза

Објавено April 29, 2025 14:02
Сподели
Сподели

Делегацијата од ВМРО – ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата Христијан Мицкоски, која е на дводневниот Конгрес на Европската народна партија (ЕПП), што се одржува во Валенсија, Шпанија, денеска учествувала на панел во организација на ЕПП, посветен на одговарањето на демографската криза, тема која бара итно внимание и заеднички ангажман за обезбедување одржлива иднина за граѓаните на Европа.

– Панелот ги покри темите поврзани со поддршка на мајките, децата и семејствата, како и домувањето за младите, даночната политика, изградбата на нови градинки, намалувањето на иселувањето и депопулацијата. Се очекува утре конгресот на ЕПП да донесе посебна резолуција за демографијата, објави претседателот на ВМРО – ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил.

Претходно, потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, кој е дел од партиската делегација, на фејсбук напиша дека работат на афирмација на нашите национални позиции поврзани примарно со европската интеграција.

– Потребата од забрзана интеграција на Западниот Балкан во ЕУ е императив како за регионот така и за ЕУ. Нашите македонски национални интереси ќе бидат заштитени нашите позиции ќе бидат претставени и секако ќе бидеме рамноправен дел во собирот на најмоќното политичко семејство во Европа, изјавил Муцунски, соопштија од ВМРО – ДПМНЕ.

Европската народна партија, нагласил тој, во моментот е најмоќнато и највлијателното политичко семејство во Европа.

Претседателот Мицкоски, како што е најавено, ќе има свое обраќање пред пленарната сесија, но предвидовме и многу средби. Ќе се сретнеме со новиот канцелар на Австрија, господинот Стокер, со лидерот на албанската опозиција Периша, со лидерот на СНС Вучевиќ, со претседателот на Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент Мекалис.

Инаку, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја предводи со партиската делегација составена од потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски, како и преставници на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ предводени од претседателката Жаклина Пешевска и претставници на Унијата на млади сили, кои денеска и утре ќе присуствуваат на Конгресот на Eвропската Народна Партија (ЕПП) во Валенсија.

Facebook / Hristijan Mickoski

Најавено е дека Мицкоски ќе има и свое обраќање на првата пленарна сесија. Претседателот на партијата Мицкоски ќе одржи и неколку билатерални средби, меѓу кои со Австрискиот премиер и претседател на сестринската партија ОВП, Стокер, како и со претседателот на Српската напредна странка и поранешен премиер на Србија, Вучевиќ, со претседателот на Демократската партија на Албанија и поранешен премиер и претседател на Албанија, Бериша и други европски лидери.

Исто така, претседателот Христијан Мицкоски ќе присуствува и на вечерата организирана за лидерите од Европската народна партија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дел од семејствата на настраданите од „Пулс“ на средба во Обвинителството
Следна Статија Преземаме мерки за да се избегне блек-оут како во Шпанија и Португалија, велат Божиновска и Бислимоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На Попова Шапка денеска почнува скијачката сезона

Од денеска, 11 јануари ќе може да се скија на Попова Шапка, соопштија од управата на тетовскиот скијачки центар. По…

January 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Светска банка: Загадениот воздух годишно убива околу 2 800 македонски граѓани

Загадениот воздух годишно убива околу 2 800 граѓани на земјава, а жителите на Скопје и Тетово се изложени на значително…

December 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Потпишана Декларацијата за стратешко партнерство, Муцунски: Ги зајакнуваме билатералните односи со Обединетото Кралство

Денеска, во британскиот Форин офис, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со државниот секретар за…

July 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мојсоски и Каевски на суд за злоупотреба на спортските ваучери

По промена на судечкиот совет, Во Основниот кривичен суд Скопје денеска повторно започна судењето за злоупотреба на спортските ваучери за…

January 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?