Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Генерален штрајк во Белгија: Маршови, откажани летови, прекинат јавен превоз
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Генерален штрајк во Белгија: Маршови, откажани летови, прекинат јавен превоз
СВЕТ

Генерален штрајк во Белгија: Маршови, откажани летови, прекинат јавен превоз

Објавено April 29, 2025 19:09
Сподели
Сподели

Четврти пат оваа година, Белгија денеска е под блокада поради генералниот штрајк организиран против плановите на белгиската Федерална влада за намалувањето на буџетските трошоци за социјални намени.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, поради штрајкот откажани се голем број летови, јавниот превоз е редуциран, а по улиците низ белгиските градови се одржуваат протестни маршови.

Откажани беа околу половина од летовите на бриселскиот аеродром „Завентем“, како и сите слетувања и полетувања од аеродромот „Брисел-Шарлроа“, од каде сообраќаат и авионите на релација Скопје-Брисел и обратно. Дел од летовите беа пренасочени кон холандските аеродроми во Ротердам и Мастрихт.

Градскиот превоз во Брисел е значително редуциран, при што функционира само една метро линија, како и само пет трамвајски и седум автобуски линии.

Парализирано е и пристаништето во Антверпен, пред кое чекаат околу 40 бродови, а во прекин е и речниот сообраќај. Не функционира ниту јавниот превоз во повеќе белгиски градови.

Поради штрајкот беа откажани и десет линии на возот „Евростар“, што е околу една шестина од нивниот вкупен број.

Иако, беше најавено дека вработените во јавните комунални служби нема да се приклучат кон штрајкот, сепак, дел од сметот распореден во кеси за рециклирање остана насобран пред станбените згради.

Централниот протестен марш се одржа во Брисел од железничката станица „Север“ до плоштадот „Мон де Арт“, кој се наоѓа во централното градско подрачје во реонот на Кралската палата и зградите на Федералниот парламент и на повеќе државни институции. На плоштадот се одржа собир на која претставници на различни грански синдикати говореа за состојбите во нивните сектори. Според проценки на полицијата, во маршот учествувале околу 4.000 лица.

Демонстрантите минаа и близу седиштето на партијата Нова фламанска алијанса (Н-ВА) на белгискиот премиер Барт де Вевер, пред кое делегација на синдикатите постави ковчег и одржа едноминутен молк, симболично погребувајќи го „антисоцијалниот проект Аризона“. „Аризона“ е колоквијален назив на белгиската владина коалиција, кој потекнува од боите на неговите партии членки – жолта, сина, црвена и портокалова, кои се наоѓаат и на знамето на американската сојузна држава Аризона.

Претставник на синдикатите информира дека полицијата дозволила само неколкумина синдикални претставници да пристапат пред седиштето на Н-ВА, додека останатите демонстранти биле блокирани од полициските сили.

Организатори на штрајкот се двата најголеми белгиски синдикати, Генералната федерација на трудот на Белгија (ФГТБ/АБВВ) и Конфедерацијата на христијанските синдикати (ЦСЦ/АЦВ), според владините мерки за намалување на буџетските трошоци за социјални цели и за реформи во пензискиот систем „ги поткопуваат правата на работниците и темелите на социјалната солидарност во Белгија“.

Синдикатите наведуваат дека со новите владини планови Белгијците ќе мора да работат подолго за пониски пензии, ќе се еродира Законот за државни службеници и ќе се намали помошта за невработените и за хронично болните лица.

Соочени со Влада која ги штити интересите на големите компании и најбогатите на сметка на работниците, пензионерите, младите, жените и најранливите граѓани, повикуваме на масовен отпор низ целата земја, се наведува во заедничката најава за штрајкот на двата синдикати.

Претставници на синдикатите организатори на штрајкот претпладнево има средба со белгискиот министер за вработување Давид Кларинвал, која ја оценија како „конструктивна со потенцијал за постигнување напредок“ во однос на синдикалните барања.

Во меѓувреме гранскиот синдикат на вработените во јавниот сектор при ФГТБ/АБВВ, Генералниот сојуз на јавниот сектор (ЦГСП/АЦОД) најави нов генерален штрајк на неговите челнови за 20 мај, но засега е неизвесно дали кон протестот ќе се приклучи и нивните колеги од синдикатот при ЦСЦ/АЦВ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Запалена куќата на Пандов во Зелениково – смислен атак на криминалците!
Следна Статија (ВИДЕО) Најмалку 22 лица загинаа во пожар во ресторан во Кина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Украинците тврдат дека не се опколени во Курск

Украинската армија ги отфрли тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин дека украинските сили во руската област Курск се опколени од…

March 14, 2025
СВЕТ

(Видео) Ова е украинскoто Фламинго – ракета што може да го промени текот на војната

Додека сојузниците на Украина разговараат како да ѝ обезбедат на земјата безбедносни гаранции, Киев напредува со свој начин на одвраќање…

August 22, 2025
СВЕТ

(Видео) Вооружен конфликт меѓу војската на Тајланд и Камбоџа, загина најмалку еден цивил

Вооружени судири избувнаа меѓу Тајланд и Камбоџа рано утрово, објавија армиите на двете земји, тврдејќи дека првите истрели биле испукани…

July 24, 2025
СВЕТ

Дали Зеленски го опцу Џеј Ди Венс- се појави нова снимка од скандалот во Белата куќа (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави ново видео од скандалот во Белата куќа, кој украинскиот претседател Володимир Зеленски го предизвика по…

March 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?