Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Мареј ги растури Клиперси, Јокиќ со нов трипл-дабл
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Мареј ги растури Клиперси, Јокиќ со нов трипл-дабл
СПОРТ

(Видео) Мареј ги растури Клиперси, Јокиќ со нов трипл-дабл

Објавено April 30, 2025 09:04
Сподели
Сподели

Кошаркарите на Денвер ги победија Лос Анџелес Клиперс со 131:115 во петтиот натпревар од првото коло од плејофот и се доближија до победа до пласман во полуфиналето на Западот.

Никола Јокиќ забележа трипл-дабл со 13 поени, 12 асистенции и 10 скока, но ѕвезда на вечерта беше Џамал Мареј, кој експлодираше со 43 поени и осум тројки од 14 обиди.

Заедно со него, Денвер ги имаше најсилните напаѓачки адути во Арон Гордон (23п) и Расел Вестбрук (21п), кои се вратијна теренот со стил откако го пропуштија претходниот натпревар.

Нагетси го одиграа најдобриот натпревар во серијата, имаа целосна контрола врз натпреварот цело време, па оттука и предноста константно растеше.

Во првата четвртина, Денвер имаше 12 поени разлика, во третиот дел имаше 17, а во последната четвртина, Јокиќ и неговата дружина ја запечатија победата кога дојдоа до 112:90.во средишницата на последниот период.

Тоа беше и најголемото водство во натпреварот.

Потоа следуваше мало опуштање на домаќините, неприфатливо лоша игра, летаргична, што го искористија Клиперсите и со серија од 17:4 дојдоа на 116:107, будејќи надеж за голем пресврт.

Сепак, следеше контра-напад од 11:0 на Нагетсите, феноменалниот Мареј постигна шест поени во тој налет, Гордон пет и со тоа стави крај на натпреварот.

На спротивнта страна Ивица Зубац уфрли 27 поени, Каваи Ленард 18, а Богдан Богдановиќ 18.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нарекувајќи го изминатиот период „револуција на здравиот разум“ Трамп одбележа 100 дена од вториот претседателски мандат
Следна Статија Фатмир се качи на такси за да не му го земе Пајакот – Раскажа што се случило

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Сити лесно се справи со Наполи, Рашфорд го реши Њукасл

Големото дерби од првото коло од Лигата на шампионите на „Етихад“ заслужено им припадна на „Граѓаните“: Манчестер Сити го победи…

September 19, 2025
СПОРТ

Владо Недановски официјално повеќе не е тренер на РК Вардар

Досегашниот тренер Владо Недановски и управата на клубот се договорија за прекин на соработката. Клубот преку официјално соопштение во кое…

October 27, 2024
СПОРТ

Трогателна приказна од Кавадарци: На Иле фудбалот му е се, но со братчето и бабата живеат во мрак!

Трогателна, а истовремено и инспиративна приказна деновиве доаѓа од Кавадарци, за тинејџерот Иле Ристевски, кој и покрај тешкиот живот, успеал…

April 16, 2025
СПОРТ

Македонските фудбалери пристигнаа во Копенхаген

Фудбалската репрезентација на Македонија пристигна во данската престолнина Копенхаген каде задутре игра екстремно важен бараж меч за пласман на СП.…

March 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?