Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ССМ утре на протест со истото барање како и лани: Протестираме за најмалку 500 евра минимална плата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ССМ утре на протест со истото барање како и лани: Протестираме за најмалку 500 евра минимална плата
МАКЕДОНИЈА

ССМ утре на протест со истото барање како и лани: Протестираме за најмалку 500 евра минимална плата

Објавено April 30, 2025 14:42
Сподели
Сподели

Исто како и на ланскиот првомајски протест, и оваа година Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повика работниците и нивните поддржувачи на протест за најмалку 500 евра минимална плата, 100 евра зголемување на сите други плати и почитување на колективните договори. Минатата година претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кога повикуваше на првомајски протест, рече дека од новата Влада ќе побара покачување на минималната плата уште во првите сто дена, но една година подоцна барањето не е исполнето, па и утрешниот првомајски протест ќе биде со истите барања.

„Нашите барања не се од денес, не почнаа вчера и нема да завршат утре. Протестот е начин на Први мај да изразиме незадоволство од висината на платите што ги примаат работниците во Македонија, а како што многупати сме кажале досега, тие се најниски во регионот, а да не зборуваме и за пошироко. ССМ ги повикува сите што му мислат добро на работникот во текот на утрешниот ден, Први мај, во 11 часот, да ни се приклучат на работничкиот протест со рута на движење Собрание – Стопанска комора – Влада. Денеска, синдикатите во Македонија имаат многу причини да излезат, да демонстрираат и да протестираат, а не да прославуваат. Денеска, имаме можност да покажеме дека сме тука за работниците“, рече претседателот на ССМ, Трендафилов.

На утрешниот протест, Трендафилов, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека нема да има сендвичи, но ќе се протестира за работниците да може да се изборат не само за сендвич туку за да може да обезбедат далеку повеќе работи за семејствата.

Протестот ќе почне утре во 11 часот пред Работничкиот дом.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЦО на СДСМ: Почна постапката за утврдување кандидати за локалните избори
Следна Статија Царина: Злато, сребро, лаптопи, велосипеди и друга стока запленети при обиди за криумчарење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, температура или анксиозност, вели Мицкоски

Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, покачена температура или анксиозност од обвинителите и судиите, вели премиерот…

November 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Филков најавува ново решение за конфискација

Министерството за правда подготвува нов Предлог-закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, со кој треба да се доуреди постапката…

May 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Филков: Судскиот совет е должен да ја повтори постапката за избор на уставен судија и да достави нов предлог до Собранието

Министерството за правда нема надлежност да ги преиспитува одлуките на судовите, тоа е елемент на независност на судската власт, вели…

May 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Црвен крст ја изврши последната исплата на финансиска поддршка за настраданите во Кочани

Во рамките на апелот на Црвениот крст на РСМ за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани во периодот…

June 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?