Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Царина: Злато, сребро, лаптопи, велосипеди и друга стока запленети при обиди за криумчарење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Царина: Злато, сребро, лаптопи, велосипеди и друга стока запленети при обиди за криумчарење
ХРОНИКА

Царина: Злато, сребро, лаптопи, велосипеди и друга стока запленети при обиди за криумчарење

Објавено April 30, 2025 14:50
Сподели
Сподели

Царински службеници на граничен премин Богородица спречија обид за криумчарење на сребрен накит во вредност од 430.880 денари. Сребрениот накит е запленет, а до едно лице е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело криумчарење.

Имено лицето во вечерните часови пред полноќ, на влез на граничниот премин се пријавил со туѓ автомобил за што имал одобрение за управување. Поради сомневање селектиран е за детална контрола, при што во фабричките празнини зад предните бришачи, како и во фабричката празнина зад фиоката пред совозачкото седиште пронајдени се 387 парчиња нараквици, 134 пара обетки и 759 ланчиња.

Случајот е предаден во Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги од каде е поднесена кривична пријава.

Царински службеници на граничен премин Дојран спречија обид за нелегален внес на девизи, при што запленети се 9.250 евра. Имено при контрола на автомобил со странски регистарски таблички управуван од грчки државјанин царинските службеници пронашле 19.250 евра, при што согласно Законот за девизно работење му се вратени 10 илјади евра, а останатите се запленети.

На граничен премин Табановце во изминатиот период беа спречени обиди за криумчарење злато, лаптопи како и друга вредна стока.

Странска државјанка се обидела со изнајмен автомобил во кој патувала како сопатник да шверцува златен накит вреден 600 илјади денари. Во обидот е спречена од царинските службеници, кои при контрола на автомобилот во чантата во нејзина сопственост пронајдоа разновиден златен накит со тежина од 200 грама. Станува збор за една круна, ланче со три монети, ланче со седум монети, две ланчиња со пет монети, ланче со единаесет монети и две нараквици.

Против неа е поднесена кривична пријава.

Царинската служба за мобилен скенер на влез во државата на граничен премин Табановце, заплени 284 парчиња облека, откако истите ги пронајде при контрола на камион со бугарски регистарски таблички. Случајот е откриен откако при скенирање на камионот со мобилен скенер е утврдено дека во камионот има неправилности, по што е направена физичка контрола и се пронајдени непријавените парчиња облека.

Во друг случај на царинска испостава Табановце мобилен царински тим заплени и 1.500 пара чорапи со потписот на „Најк“ откако истите ги пронајде при контрола на камион пријавен за транзит. При контрола на камионот е утврдено дека покрај останатата стока која била уредно декларирана има и стока која воопшто не била опфатена со царинските документи.

Струмичанец се обидел да криумчари во државата 6 употребувани велосипеди, 13 употребувани лаптопи, 2 компјутери за мотор и 30 крстачи за кардан. Во обидот е спречен од мобилен царински тим кој при контрола на комбето со кое управувал ја откри непријавената стока.

Имено на прашање на царински инспектор дали има нешто да пријави лицето одговорило дека има скара, скала, агрегат, прскалка, при што поради сомневање е селектиран за контрола и во четири вреќи и патни торби се пронајдени непријавените производи.

Скопјанец се обидел преку граничен премин Табановце во државата да шверцува 180 парчиња различни шминки, над 40 парчиња женски шорцеви, како и разна друга стока. Во намерата го открија царинските службеници кои поради сомневање го селектираа за детална контрола при што во патничкото комбе со кое управувал се пронајдени непријавените производи за кои требал да плати давачки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ССМ утре на протест со истото барање како и лани: Протестираме за најмалку 500 евра минимална плата
Следна Статија Судскиот совет ги избра Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова за судии на Врховен суд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Лекар од Вевчани повеќе од две години работел без продолжена лиценца

Лекар од Вевчани без продолжена лиценца повеќе од две години работел во Општата Болница во Охрид со што ја оштетил…

January 23, 2025
ХРОНИКА

Бизнисменка од Кавадарци проневерила милион евра па ги запалила документите

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и…

July 3, 2025
ХРОНИКА

Нападнати и повредени шумски полицајци: Им се заканувале со моторна пола, остри и дрвени предмети

На 27.12.2024 година во 17:40 часот полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода С.З.(57), Б.З.(36), В.В.(18) и едно…

December 28, 2024
ХРОНИКА

(ВИДЕО)Пожар во отпадот за старо железо „МИКОМП“ кај Прилеп

Денеска избувна пожар во депонијата за старо железо на компанијата „МИКОМП“, лоцирана на излезот од Прилеп, во близина на бензинската…

November 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?