Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бектел и Енка на средба со градежни компании, разговарале за Коридорите 8 И 10Д
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Бектел и Енка на средба со градежни компании, разговарале за Коридорите 8 И 10Д
ЕКОНОМИЈА

Бектел и Енка на средба со градежни компании, разговарале за Коридорите 8 И 10Д

Објавено April 30, 2025 18:07
Сподели
Сподели

На 29 април 2025 година, во кампот на Бехтел ЕНКА во Гостивар, се одржа значајна средба помеѓу менаџментот на компанијата и домашните компании членки на Здружението на градежнишво при Стопанската комора на Северна Македонија. Овој настан, организиран во рамки на соработката помеѓу Бехтел ЕНКА и Стопанската комора, имаше за цел да ја продлабочи соработката и да овозможи поголема вклученост на домашните градежни компании во реализацијата на Коридорите 8 и 10д – два од најзначајните инфраструктурни проекти во земјата и поширокиот регион.

Џош Бејкер, проектен менаџер во Бехтел ЕНКА, изрази благодарност за конструктивната соработка со Комората и за силниот интерес од домашните компании. Тој истакна дека моментално околу 60% од снабдувачите на проектот се локални, како и повеќе од 90% од подизведувачите, со цел дополнително да се зголеми ова учество. „Со нетрпение очекуваме да изградиме длабоки и соработувачки партнерства со талентирани домашни компании и да работиме заедно за постигнување на највисоки стандарди за безбедност и квалитет,“ изјави Бејкер. Тој додаде дека и покрај почетните доцнења поради експропријација, градежните активности на делниците Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола напредуваат стабилно, а делницата Тетово–Гостивар е во фаза на засилено активирање.
„Повеќе од 35 години, Бехтел ЕНКА успешно реализира автопатски проекти низ Балканот, благодарение на силната соработка меѓу нашите директно вработени тимови и подизведувачите, од кои поголемиот дел се од локалниот пазар во кој работиме. Овој модел на партнерство – изграден врз тимска работа, взаемно учење и заедничка посветеност – е клучот за нашиот успех. И на нашиот тековен проект го продолжуваме овој пристап, и веќе гледаме ветувачки резултати во областите каде што сме вклучиле подизведувачи. Во Бехтел ЕНКА, ние не ги доделуваме обврските и потоа се повлекуваме; работиме рамо до рамо со нашите подизведувачи за да обезбедиме безбедност, квалитет и навремена испорака. Ова обединето залагање е суштинско за постигнување на највисоките стандарди низ целиот проект“, истакна Џанберк Атила, заменик раководител на проект – менаџер за изградба и терен.

Крис Хинспетер, бизнис менаџер на проектот, додаде дека Бехтел ЕНКА е посветена на транспарентност во процесите за набавка и подизведување. „Сакаме овој процес да биде отворен и достапен. Колку повеќе локални компании се приклучат, толку посилен ќе биде проектот,“ изјави тој.

Техничките менаџери Озкан Доган (подизведување), Хакан Билај (земјени работи), Фатих Курт (структури) и Чаглар Кандемир (карпи и постројки) ги презентираа процедурите и можностите за регистрација и квалификација на домашните компании, охрабрувајќи ги активно да аплицираат за наредните можности.
Д-р Јелисавета Георгиева Јовевска одговорна во Комората за инфраструктура и економски развој ја истакна подготвеноста и капацитетот на македонските компании во вклучување на овие значајни инфраструктурни проекти: „Нашите компании имаат децении искуство, и дома и во странство. Веруваме во заеднички настап – обединување на домашната експертиза со меѓународни стандарди.“

Стопанската комора на Северна Македонија ја потврди својата поддршка за своите членки и ги повика сите заинтересирани компании да ги контактираат за помош и ресурси поврзани со ангажманот на проектот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судскиот совет ги избра Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова за судии на Врховен суд
Следна Статија Томица Главчев е новиот претседател на КФМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Раст на цената на нафтата по американската најава за блокада

Цената на нафтата забележа значителен раст во раното тргување на пазарите, откако Соединетите Американски Држави соопштија дека од денеска воведуваат…

April 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Славески: Санкциите за руската нафта нема да ги влошат нашите прогнози за инфлацијата

ММФ очекува дека просечната инфлација за годинава ќе биде 4 проценти, мислам дека ќе биде 0,1 или 0,2 процентни поени…

October 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Одредени ланци на супер маркети преку скриен маркетинг ги изигруваат законите, тоа нема да толерираме, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека нема да толерираат дивеење од страна на одредени ланци на супер маркети, коишто, како…

August 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Глобалните обврзнички приноси достигнаа 16-годишен врв поради намалени очекувања за намалување на каматните стапки

Глобалните обврзнички приноси пораснаа на нивоа последен пат видени во 2009 година пред клучниот состанок на Федералните резерви, сигнализирајќи загри

December 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?