Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Укината Одлуката со која е одобрено основање на приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во Кондово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Укината Одлуката со која е одобрено основање на приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во Кондово
МАКЕДОНИЈА

Укината Одлуката со која е одобрено основање на приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во Кондово

Објавено April 30, 2025 18:13
Сподели
Сподели

Уставниот суд денеска ја укина Одлуката за давање одобрение за основање на Приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ – с. Кондово, Скопје,која е донесена од страна на Владата на 26 март 2024 година.

Судот оцени дека Одлука на Владата е незаконита и неуставна, бидејќи Владата дала согласност, односно дозволила Исламската верска заедница ИВЗ да биде основач на средно училиште- гимназија.

Ова е во спротивност со членот 7 од Законот за средно образование кој забранува верско организирање и дејствување и истакнување на верски симболи во средните училишта. Исто така содржината на Одлуката не е во согласност со Амандманот VII од Уставот според кој верските заедници можат да основаат само верски училишта во кои се предава веронаука, односно се проповеда и изучува конкретна религија.

Судот ги прифати како основани наводите во иницијативата дека со донесувањето на оспорената одлука Владата ја повредила уставната одредба за одвоеност на државата од верските прашања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Томица Главчев е новиот претседател на КФМ
Следна Статија Таравари и Клековски им посакаа успех и среќа на специјализанти, 89 кандидати за вработување во 13 клиники на Клинички

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Весна Дамева со чанта вредна над 3.000 евра додека пратениците ѝ гласаа недоверба

На вчерашната седница во Собранието за интерпелација на петмината членови на Судскиот совет, беше изгласена недоверба на Весна Дамева, поранешната…

March 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: 250 евра за студентите за набавка на електронски уреди од септември

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес изјави дека Владата планира ученички стипендии за наредната година, а во…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Криминалното однесување ќе се санкционира, па и да се најблиските околу мене, порача премиерот

Криминалното однесување ќе се санкционира, па дури и да се најблиските околу мене, порача денеска претседателот на Владата на Република…

April 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Биљал Касами победи во Тетово

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН, Биљал Касами, е во водство во вториот круг од локалните избори во Тетово со освоени 53,75%…

November 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?