Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таравари и Клековски им посакаа успех и среќа на специјализанти, 89 кандидати за вработување во 13 клиники на Клинички
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Таравари и Клековски им посакаа успех и среќа на специјализанти, 89 кандидати за вработување во 13 клиники на Клинички
ЗДРАВЈЕ

Таравари и Клековски им посакаа успех и среќа на специјализанти, 89 кандидати за вработување во 13 клиники на Клинички

Објавено April 30, 2025 18:18
Сподели
Сподели

Министерот за здравство Арбен Таравари и директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево им посакаа успех и среќа на специјализанти пред почетокот на нивното тестирање за вработување.

Втора седница на Влада минатата година донесовме одлука проблемот со приватните специјализанти да се реши. Вкупно беа 600 специјализанти, на апликацијата аплицираа 584 приватни специјализанти. Денеска веќе започнува процедурата, конкурсите се отворени во повеќето болници. Конкретно, бевме во амфитеатарот на Имунологија, 89 кандидати за вработување, приватни специјализанти, коишто ќе се вработат во 13 клиники во Клинички центар. Во понеделник продолжува тестирањето за Тетово и за Гостивар и следните денови идната недела продолжува тестирањето за првите 300 специјализанти, така да, решаваме еден долгогодишен проблем, појасни министерот во изјава за медиуми.

Тој повтори дека има недостиг на кадар во повеќето болници и клиники низ државава.

За првата група од 300 лица, изрази надеж дека со тестирања и интервјуа ќе заврши до крајот на идната недела, потоа комисии ќе утврдуваат кои кандидати ги исполнуваат условите, па ќе се земаат решенија за работа. Останатите, помалку од 300, како што најави министерот, остануваат за кон крајот на годината – во ноември.

Им посакавме среќа на специјализантите, сите да поминат и да се вработат, рече Таравари.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Клековски кажа дека се работи на решавање на работниот однос на договорците со цело во здравството.

Процесот се одолговлечи бидејќи мораше да се запазат сите законски процедури, одговори Клековски на новинарско прашање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Укината Одлуката со која е одобрено основање на приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во Кондово
Следна Статија Мицкоски: Растот на индустриското производство за март е 5,2 отсто на годишно ниво споредбено со лани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Само членови на приватни клубови да можат да пушат, е предлогот во новиот Закон за пушење

Пушењето цигари да биде дозволено само во приватни клубови, каде што пристап имаат исклучиво регистрирани членови кои плаќаат членарина –…

July 11, 2026
ЗДРАВЈЕ

„Мој термин“ отсега со верификација на телефонски број

Во насока на подобрување на достапноста на здравствените услуги за пациентите, во системот „Мој термин“ е воведена опцијата за верификација…

February 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Арбен Таравари колабирал и завршил во болница

Министерот за здравство Арбен Таравари ја информира јавноста дека завршил во болница откако колабирал. Во пораката на социјалните мрежи не…

November 27, 2024
ЗДРАВЈЕ

Формирана стручна комисија за тригодишното дете од Кавадарци кое почина на пат кон Скопје

Комисија составена од кардиолози, ендокринолози и специјалисти од оддел за интензивна нега и терапија ќе го истражуваат случајот со тригодишното…

June 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?