Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вучиќ: Ќе се сретнам со Трамп, Путин и Си, кој друг може да го направи тоа?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Вучиќ: Ќе се сретнам со Трамп, Путин и Си, кој друг може да го направи тоа?
БАЛКАН

Вучиќ: Ќе се сретнам со Трамп, Путин и Си, кој друг може да го направи тоа?

Објавено May 2, 2025 11:00
Сподели
Сподели

Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека ќе отпатува во Москва на 8 мај за да го одбележи Денот на победата, и покрај критиките од Западот.

Му ветив на Путин пред осум месеци и си стојам на зборот. Мојот збор значи нешто. Не одам од каприц, туку од почит и личен интегритет. Одам, освен ако не се случи нешто драстично или не добиеме сериозни закани – рече Вучиќ.

Тој додаде дека следните 15 до 20 дена се клучни за Србија, не само поради посетата на САД, туку и поради најавените пристигнувања на европски претставници во Белград. „Ќе ми кажат да не одам во Москва, но нема да ме убедат. Тврдоглав сум“, рече тој со насмевка.

Вучиќ се осврна и на наводните најави за санкции од Брисел за лидерите кои ќе присуствуваат на церемонијата во Москва.

Сите во Брисел само мене ме споменуваат. Фицо, Си Џинпинг, Лула, никој не е тема. Само што ќе правиме со Вучиќ? Тоа е веќе опсесивно – вели Вучиќ.

Вучиќ нагласи дека останува посветен на европскиот пат на Србија и покрај сите притисоци. „Мојот мандат наскоро завршува. Со или без мене – Србија ќе остане на европскиот пат. Тоа им го ветивме на граѓаните“, рече тој.

Тој исто така рече дека нема да ја напушти политиката под притисок однадвор: „Ако заминам, тоа ќе биде по моја слободна волја. Ако некој ме отстрани од странство – тоа би бил најголем срам“.

Вучиќ рече дека планира да му го врачи орденот на рускиот патријарх Кирил на 8 мај и дека се надева на кратка средба со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Замислете, билатерална средба со американскиот претседател, потоа со рускиот и кинескиот. Кој друг може да го направи тоа? – рече Вучиќ, додавајќи дека тоа „го подигнало меѓународниот углед на Србија“.

Тој, исто така, коментираше за можните обвинувања од домашната јавност за тоа: „Премногу е доцна за обоена револуција. Тој воз помина – веќе во февруари. Во март, протестите веќе стивнуваа, дури и во Белград“.

Вучиќ рече дека ќе ги штити интересите на Република Српска (РС) во секое време, но почитувајќи го територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.

Во разговорите со американските претставници, ги истакнав двојните стандарди, тие нè бомбардираа кршејќи ја Повелбата на ОН, а сега се огорчени од истите работи на друго место- рече тој.

Тој, исто така, го критикуваше ставот на меѓународната заедница кон Косово и РС: „Некои во Сараево велат дека Косово е независно, а кога Додик не прифаќа нелегална одлука, тој веднаш е криминалец. Ова се двојни стандарди“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пожарникарите поставија оџак на покривот на Сикстинската капела во Ватикан
Следна Статија (Видео) Путин го покажa својот луксузен стан во Кремљ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ понуди Србија да биде домаќин на средбата Трамп-Путин: „Мислам дека тоа би им одговарало и на двајцата“

Вучиќ изјави дека Србија е „земјата во која Трамп има најголема поддршка во цела Европа“, нагласувајќи ја и популарноста на…

January 13, 2025
БАЛКАН

Рама ја дочека на колена италијанската премиерка Џорџа Мелони

Италијанската премиерка Џорџа Мелони беше дочеканасо голема љубезност од премиерот Еди Рама, кој исто така покажа гест на учтивост кон…

May 16, 2025
БАЛКАН

(Видео) Студентите објавија фотографии од повредени колеги и граѓани по синоќешните судири со полицијата пред Филозофскиот факултет во Нови Сад

Студентите во блокадата на Природно-математичкиот факултет во Нови Сад објавија на социјалните мрежи застрашувачки фотографии од нивните колеги и граѓани…

August 28, 2025
БАЛКАН

Србите се изборија за полесен влез во Грција

Српските туристи летово најверојатно ќе добијат полесен третман на грчките граници во шпицот на сезоната, додека македонските граѓани засега остануваат…

May 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?