Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зеленски: Украина е подготвена да премине кон прекин на огнот што е можно поскоро доколку Русија преземе слични чекори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Зеленски: Украина е подготвена да премине кон прекин на огнот што е можно поскоро доколку Русија преземе слични чекори
СВЕТ

Зеленски: Украина е подготвена да премине кон прекин на огнот што е можно поскоро доколку Русија преземе слични чекори

Објавено May 4, 2025 09:35
Сподели
Сподели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека Украина е подготвена што е можно поскоро да премине кон прекин на огнот доколку Русија преземе слични чекори кон воспоставување целосен прекин на конфликтот во траење од најмалку 30 дена. 

Зеленски во синоќешното видео обраќање рече дека се подготвува за важни состаноци и разговори со странски партнери за тоа дека е потребно да влијаат на Русија да се согласи на целосен прекин на огнот во текот на 30 дена, што би овозможило барање решение за прекин на војната. 

Според Зеленски, „никој сега не гледа таква подготвеност“ од Русија засега.

Тој рече дека економските услови во Русија сега се понеповолни бидејќи цената на нафтата сега е пониска, објави Укринформ. 

„Затоа, санкциите против руските енергенси, против банките дефинитивно можат да помогнат за воспоставување мир. Разговаравме за ова со нашите партнери. Знаеме дека нашите партнери нè слушнаа“, рече Зеленски. 

Според него, сегашниот интензитет на руските напади врз Украина не укажува на ништо друго освен на желба за продолжување на борбата. 

„Одговараме на целиот фронт, како и во (руските) региони Курск и Белгород, каде што остануваме активни“, рече Зеленски. 

Тој претходно изјави дека на рускиот претседател Владимир Путин му е потребен прекин на огнот од 8 до 10 мај на полноќ, а дека во тој период е невозможно да се постигне договор за следните чекори за завршување на војната.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 45 години од смртта на Јосип Броз Тито
Следна Статија Алкалоид и Вардар ремизираа во дербито на Суперлигата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп го предупредува Иран дека „времето истекува“

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп го предупреди Техеран дека „времето истекува“ за преговори за договор за нуклеарната програма…

January 28, 2026
СВЕТ

Орбан: Европската Унија се распаѓа пред нашите очи, ако не дејствуваме, следниот буџет ќе биде последниот буџет на ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарците ќе мора да изберат помеѓу две страни на парламентарните избори следната година.…

September 8, 2025
СВЕТ

Трамп: Ако Камала биде избрана, Си Џинпинг ќе се однесува со неа „како со бебе“

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат за нов претседател на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг…

October 25, 2024
СВЕТ

Прекин на електричната енергија во тунелот под Ла Манш создаде сообраќаен хаос

Еуростар, меѓународниот оператор на брзи возови што го поврзува Лондон со Париз, Брисел и Амстердам, им советуваше на патниците да…

December 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?