Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонски винарии го најавија Денот на станушината
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Македонски винарии го најавија Денот на станушината
ЕКОНОМИЈА

Македонски винарии го најавија Денот на станушината

Објавено May 4, 2025 20:26
Сподели
Сподели

„Македонски семејни винарии” го најавија Денот на станушината, информирајќи дека станува збор за најголемиот вински настан на ова здружение, на кој ќе се дегустира единствената македонска автохтона сорта, а ќе има и предавања од еминентни домашни и светски познавачи на виното, дегустација на над 35 различни етикети на вино со добра музика и македонска храна.

Со законските олеснувања од пред пет години, како и со грантовите за поддршка на фамилијарните бизниси во лозаропроизводството, расте бројот на малите семејни винарии, како македонски вински амбасадори во светот, информираа од здружението со седиште во Кавадарци.

Притоа се осврнаа и на многубројните награди за квалитет што ги освојуваат винариите членки на здружението, во земјава и надвор од неа.

Манифестацијата ќе се одржи на 10 мај во Кавадарци и на 11 мај во Скопје.

Станува збор за единствената автохтона македонска сорта на грозје. Нашето македонско девојче, како што сите ние го нарекуваме, сакаме да го издигнеме на едно повисоко и достоинствено ниво, нагласија од здружението.

Притоа беа децидни дека иако оваа сорта на грозје е малку застапена, со децении назад од неа се прави квалитетно вино.

-Во рамките на здружението, има семејни винарии што ја негуваат оваа сорта. Од страна на семејните винарии, виното од автохтоната сорта се продава под различни имиња, информираа од здружението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Избори во Романија: Според излезните анкети, Симион води со речиси една третина од освоените гласови
Следна Статија Започнува судењето на Пи Диди: Се соочува со доживотна затворска казна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Азија подготвена за претпазлив почеток пред зафатена недела со податоци

Глобалните акции и обврзници започнаа декември под притисок, додека обновениот пад на криптовалутите и строгите коментари од Банката на Јапонија…

December 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Новата ТС Охрид го поврзува Балканот и европскиот пазар на електрична енергија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес изврши теренска посета на градилиштето за изградба на новата трансформаторска…

July 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Над 860 илјади граѓани добија однапред пополнети даночни пријави за 2025 година

Управата за јавни приходи информира дека за 2025 година се генерирани вкупно 862.896 однапред пополнети годишни даночни пријави (ДЛД-ГДП), во…

May 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата ќе се зголеми за 1.667 денари во нето износ согласно законското усогласување што се прави во март. Тоа…

March 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?