Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Бразилскиот Роналдо „мртов“ пијан – едвај стигна до автомобилот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (ВИДЕО) Бразилскиот Роналдо „мртов“ пијан – едвај стигна до автомобилот
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Бразилскиот Роналдо „мртов“ пијан – едвај стигна до автомобилот

Објавено May 5, 2025 18:49
Сподели
Сподели

Легендата на бразилскиот фудбал, воедно и претседател на шпанскиот прволигаш Реал Ваљадолид – Роналдо Назарио (48) се најде во центарот на скандал откако на социјалните мрежи се појави снимка на која тој излегува од ресторан во Мадрид.

View this post on Instagram

A post shared by Daniel Garcia (@danibigbaam)

Инцидентот се случи само неколку часа по поразот на неговиот клуб од Барселона, што дополнително го разгори гневот на навивачите, веќе фрустрирани поради испаѓањето на клубот од Ла Лига.

Видеото кое брзо стана вирално го објави здружението на навивачи на Реал Ваљадолид. На видеото се гледа како Роналдо очигледно под силно дејство на алкохол се сопнува и едвај одржува рамнотежа додека се спушта по скалите пред познатиот мадридски ресторан. Неговите придружници мораа да му помогнат да стигне до автомобилот, што предизвика уште поголемо негодување и осуда кај навивачите кои и онака ретко го гледаат својот претседател.

Навивачите протестираат против управата на клубот и раководството на Роналдо со недели, а неговото очигледно непочитување на клупските обврски и овој последен инцидент само ги потврдија нивните најлоши стравови.

Она што дополнително ги иритира навивачите е фактот што Роналдо не присуствуваше на клучниот натпревар против Барселона на стадионот „Нуево Хозе Зорила“. Покрај тоа, ова стана негова вообичаена практика во текот на целата сезона.

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Интер беше виден во ложата на стадионот на Реал Ваљадолид само еднаш оваа сезона, на отворањето на лигата, против Еспањол.

Наместо да го поддржи својот тим во тешките моменти од борбата за опстанок, Роналдо попладнето го помина на финалето на тенискиот Мастерс 1000 турнир во Мадрид, по мечот меѓу Каспер Руд и Џек Дрејпер. Овој потег многу навивачи го толкуваат како врв на непочитување и јасен знак дека неговите лични задоволства се поважни од судбината на клубот чијшто тој е мнозински сопственик и претседател.

Реакциите на навивачите беа жестоки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сите 133 кардинали пристигнаа во Рим за изборот на нов папа
Следна Статија Сезоната почна, а на Грција и недостигаат 80.000 работници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Цеца се присети на затворските денови : Десет дена штрајкував со глад

Цеца Ражнатовиќ се присети на затворските и зборуваше за полициската акција „Сабја“ во чии рамки беше уапсена. Како се справивте…

November 11, 2024
ЗАБАВА

Во Неапол се појави пица со моцарела „Папа Лав“, како и фигури со неговиот лик (ФОТО)

Неапол денес го одбележа изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква со пици направени со моцарела, наречени „Папата Лав“, и…

May 10, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Ова е најубавата жена на светот за 2024 година

Викторија Кјер Телвиг од Данска беше крунисана за Мис Универзум за 2024 година, со што стана првата Данка во историјата…

November 17, 2024
ЗАБАВА

Извонредни Apple Black Friday попусти: iPhone, AirPods, MacBooks и повеќе

Најдобрите Apple понуди во моментов

November 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?