Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цените почнаа да растат – дел од маркетите со нови ценовници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Цените почнаа да растат – дел од маркетите со нови ценовници
ЕКОНОМИЈА

Цените почнаа да растат – дел од маркетите со нови ценовници

Објавено May 6, 2025 08:43
Сподели
Сподели

Почна поскапувањето во дел од маркетите. Купувачите ги дочекаа нови цени на рафтовите. Најголема разлика има кај хигиенските производи. Влажните марамчиња што до вчера се продаваа за 60, сега се 100 денари. Тоалетната хартија од 95 на 140. Кечапот што чинеше 50, од денеска надмина 60 денари. Маслото за јадење од 89 на 92. Корекции на цените има и кај јајцата, млекото, сирењето, газираните и негазирани сокови,  пастата за заби…

Универзитетскиот професор Зоран Ивановски вели ова е показател дека замрзнатите цени и маржи даваат само краткорочен резултат.

„Мерките се со лимитиран карактер и не можат да влијаат на елиминирање на порастот на цените, особено што ние како пазарна економија треба да внимаваме, сепак, вакви административни мерки се можни единствено за кратки периоди и на ограничен број производи“ – Зоран Ивановски, универзитетски професор

Од стопанската комора на трговци на големо и мало, пак, велат дека маркетите не се виновни за новите цени и прстот го вперија кон производителите и дистрибутерите.

„Тоа нагло поскапување на цените е од увозниците и производителите. Ние како маркети само додаваме одредена маржа која што не е толку голема. Ние како што добиваме нови ценовници, ние мора да креваме цени. Не сме фактор да ги ограничиме увозниците и производителите да нема поскапување. Тоа е нивно право“ – Ладо Гега, Стопанска комора на трговци на големо и мало

„Многу тешко е да се даде одговор кој е навистина виновен. Јасно е дека и производителите ги имаат истите инфлаторни очекувања и ја антиципираат инфлацијата и додаваат проценти на своите производи. Тешко е рационално да се утврди големината на маржата која би ги задоволила и трговците и производителите во однос на цените затоа што постои класична нееднаквост, зависи каде работат трговските оператори, каде се позиционирани, дали со свој бизнис итн“ – Зоран Ивановски, универзитетски професор

Владините мерки за замрзнување на цените и ограничување на маржите на над илјада производи заврши пред само пет дена. Надлежните од Владата и Министерството за економија рекоа дека ќе следат засилени инспекции и ќе спречат нагло поскапување. Колку заштедиле граѓаните додека мерките беа во сила ќе се знае деновиве.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Кошаркарите на Партизан учествуваа во жестока тепачка во Белград
Следна Статија Од одбрана до миграција: Што носи новата владина коалиција во Германија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Nvidia станува првата компанија во историјата што вреди 5 трилиони долари

Nvidia денес стана првата компанија во историјата што вреди повеќе од 5 трилиони долари (5.000 милијарди долари). Денешниот пораст на…

October 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

АД ЕСМ: Преку викенд набавки на електрична енергија по негативни цени, компанијата инкасираше околу 50.000 евра

АД ЕСМ покажа како со паметно и домаќинско работење може да се оствари приход и истовремено да се зачуваат домашните…

May 23, 2026
ЕКОНОМИЈА

Бензините поскапуваат, дизелот останува на исто

Според најновите податоци, малопродажните цени на бензините во Македонија бележат зголемување, додека цената на дизел‑горивото останува непроменета. Ова значи дека…

February 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење

Подобрување и одржување на макроекономската стабилност, поддршка на економската активност и забрзување на економскиот раст се главни цели на фискалната…

October 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?