Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вучиќ ќе се сретне со Путин во петок во Москва
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Вучиќ ќе се сретне со Путин во петок во Москва
БАЛКАН

Вучиќ ќе се сретне со Путин во петок во Москва

Објавено May 6, 2025 21:34
Сподели
Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин ќе биде домаќин на повеќе од 30 странски лидери за време на дводневните свечености по повод Денот на победата, кои ќе се одржат на 9 и 10 мај во Москва, потврди неговиот советник Јуриј Ушаков.

Централниот настан ќе биде Парадата на победата на Црвениот плоштад на 9 мај наутро, на која ќе присуствуваат лидерите на пријателските земји на Русија. Церемонијата почнува во 10 часот по московско време, а потоа следува положувањето венци на Гробот на незнајниот јунак и заедничко фотографирање. На пладне во Кремљ ќе почне официјалниот прием за странските делегации.

Меѓу поважните билатерални средби на 9 мај ќе биде средбата на Путин со претседателот на Србија Александар Вучиќ. Како што потврди Ушаков, тие ќе разговараат за „цел спектар билатерални прашања“, но и за политичката ситуација на Западен Балкан.

Вучиќ, како што е најавено, утре се враќа на должност по хоспитализацијата, а се очекува и да ѝ се обрати на јавноста. Неговото патување во Москва предизвика реакции на Европската комисија која порача дека „односите со Русија не можат да бидат вообичаени додека трае војната“.

Путин тој ден ќе одржи средби и со претседателот на Бразил Луиз Инасио Лула да Силва, со египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, со словачкиот премиер Роберт Фицо и со узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзиоев. За време на свечениот ручек се планирани и кратки неформални разговори со останатите лидери.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Средба на Мицкоски со претставници на Вреди вечерва во Владата
Следна Статија На Бит Пазар пронајдено починато машко лице без документи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Што е звучен топ за кој српските студенти тврдат дека е употребен на протестите

Српската опозиција откако им пропадна протестот во сабота го извадија последниот адут а тоа е дека власта користела звучен топ. Тоа…

March 21, 2025
БАЛКАН

Хорор во Загреб: Полицаец 15 години ја силувал и малтретирал неговата партнерка

Загрепски полицаец (46) е уапсен под сомнение дека 15 години ја силувал и ја малтретирал својата невенчана сопруга. Тој е…

April 11, 2025
БАЛКАН

Дачиќ: Денеска на распит ќе бидат повикани околу 20 луѓе за трагедијата што се случи во Нови Сад

Уште денеска на распит ќе бидат повикани околу 20 луѓе за трагедијата која се случи со уривањето на натстрешница од…

November 2, 2024
БАЛКАН

Бугарска работа: Бугарија ја поставила плочата за Гоце Делчев во Баница без дозвола од локалните грчки власти

Тензија во Грција околу спомен-плочата на Гоце Делчев.  Плочата која е поставена на полу распадната камбанарија на старата црква во…

June 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?