Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп најави трговски договор со Велика Британија за намалување на царините
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп најави трговски договор со Велика Британија за намалување на царините
СВЕТ

Трамп најави трговски договор со Велика Британија за намалување на царините

Објавено May 8, 2025 09:00
Сподели
Сподели

Доналд Трамп кажа дека денеска ќе склучи голем трговски договор со „земја што многу ја почитува“, за која американските и британските медиуми објавија дека е Велика Британија. Британската влада се обидуваше да постигне договор откако САД наметнаа високи царини за речиси сите држави во светот.

„Денеска ќе има голема прес-конференција во врска со голем трговски договор со голема и високо почитувана држава, првиот од многу“, напиша Трамп на социјални мрежи.

Ова доаѓа откако Трамп на 2 април воведе високи царини за десетици држави, пред да ги паузира на 90 дена за да остави време и простор за преговори. Во меѓувреме, владите низ светот побрзаа да се договорат пред истекот на крајниот рок.

Американските медиуми објавија дека САД се блиску до трговски договор и со Индија и Израел и дека продолжуваат преговорите со Јапонија, Јужна Кореја и Виетнам.

Оваа недела, Кина и САД објавија дека викендов ќе ја имаат првата рунда трговски преговори, што ќе се одвиваат во Женева. Во нив ќе учествуваат американскиот министер за трговија Скот Бесент и кинескиот вицепремиер Хе Лифенг. По враќањето во Белата куќа, Трамп воведе царини од 145% за Кина, која возврати со царини од 125%.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари: Не можеме да седиме на две столици
Следна Статија Необичен феномен на плажите во Грција пред почетокот на туристичката сезона (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Објавено кои седум земји не сакаат да ја поканат Украина во НАТО, пренесува „Политико“

Претседателот Володимир Зеленски има проблем со планот за победа, кој се заснова на тоа Украина да добие покана за членство…

October 24, 2024
СВЕТ

(Видео) Кон Кралот на Шпанија фрлаа со кал: „Ја разбирам фрустрацијата на луѓето“

Градоначалничката на Паипорта, град во Шпанија каде жителите фрлаа кал врз кралот и премиерот, нарекувајќи ги „убијци“, рече дека тоа…

November 4, 2024
СВЕТ

Трамп: Израел треба да ги нападне иpанcките нyклеаpни поcтројки

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп смета дека Израел треба да ги нападне иранските нуклеарни постројки како…

October 5, 2024
СВЕТ

Илон Маск се заканува дека ќе формира партија ако Конгресот го усвои законот на Трамп

Извршниот директор на платформата „X“ и милијардерот Илон Маск се закани дека ќе основа нова политичка партија - „Американска партија“…

July 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?