Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Кривичен треба да почне судењето за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Во Кривичен треба да почне судењето за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова
ХРОНИКА

Во Кривичен треба да почне судењето за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова

Објавено May 9, 2025 08:24
Сподели
Сподели

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место. За делото за кое се товари Јованов е предвидена затворска казна до 20 години. 

Случајот ќе го води судијката Снежана Марковска.

Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, за кривично дело „предизвикување општа опасност“ од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинението се однесува на периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година, во кој Зоран Јованов дозволувал на својот син Васил Јованов да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти вклучително и сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Објавена снимка од вечерашното пукање во кафуле во Штип
Следна Статија СЛАВА ИМ НА ХЕРОИТЕ: Една деценија од трагичните настани во кумановско „Диво насеље“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Осум лица приведени за семејно насилство за една ноќ

На 05.04.2026 во 13:30 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода О.С. (47) од Тетово. Претходно, во 12:40…

April 6, 2026
ХРОНИКА

Напад во Пробиштип: Маж со нож се нафрлил на полицаец по семејна пресметка

Семејна расправија прерасна во напад врз полиција Во раните утрински часови, Пробиштип беше потресен од сериозен инцидент. Семејна пресметка и…

April 21, 2025
ХРОНИКА

Неколку лица пукале кон скопјанец

На 17.11.2025 во 19:00 часот во СВР Скопје, А.А.(28) од с.Сарај, скопско, пријави дека во с.Сарај неколку лица испукале неколку…

November 18, 2025
ХРОНИКА

Почина истакнатиот анестезиолог прим. д-р Мирјана Петровска

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, реномиран специјалист по анестезиологија со реаниматологија, која ќе остане запаметена по својот…

January 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?