Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Силјановска Давкова: Генералка викенд да прерасне во Генералка 365 дена, штитејќи ја природата се штитиме себеси
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Силјановска Давкова: Генералка викенд да прерасне во Генералка 365 дена, штитејќи ја природата се штитиме себеси
МАКЕДОНИЈА

Силјановска Давкова: Генералка викенд да прерасне во Генералка 365 дена, штитејќи ја природата се штитиме себеси

Објавено May 9, 2025 11:15
Сподели
Сподели

Штитејќи ја природата се штитиме себеси, а генералка викенд треба да прерасне во генералка од 365 дена, порача денеска од Скопскиот аквадукт претседателката Гордана Силјановска Давкова на почетокот на тридневната национална акција за чистење отпад „Генералка викенд“.

Забележувајќи дека треба да ја заштитиме природата на надлежните им предочи дека просторот кај Скопскиот Аквадуктот, кој е стар повеќе од 2.000 години треба да биде парк.

Таа се задржа на француските филозофи Русо и Мишел Сера за нивните ставови за потребата од природен договор, меѓу луѓето и природата.

– Договор во кој ќе гарантираат дека луѓето ќе ја штитат природата. Ние во правото велиме дека оној кој што е постар има посилни или поголеми права, ама прво настанале билките, па животните па луѓето. Луѓето се однесуваат како натрапници во рајот, тоа е факт. Ако не се смириме со природата ќе се самоубиеме. Тоа е факт, истакна Силјаноска Давкова.

Иницијативата ја поздрави и вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, според кој, тоа е најмасовна волонтерска акција за чистење на отпадот во државата која од година во година станува се помасовна и станува симбол на тоа како свесноста за сопствената одговорност и добрата соработка дава видни резултати.

– Животната средина и особено ваквите споменици како што е Аквадуктот заслужуваат почит и грижа. Ваквите акции во кои сите заеднички покажуваме иницијатива, волја и подготвеност за соработка треба да бидат дел од нашето секојдневие. На отпадот не му е место на улица или во природата, рече Меџити.

Владата и МЖСПП, нагласи, ги поддржува сите акции во кои се покажува силна иницијатива, јака воља, инклузивност и желба да бидеме дел од промените со кои ќе се овозможи подобра иднина за нас и идните генерации.

Еко акцијата „Генералка викенд“ е во организација на „Мен енд Маунтен“ во соработка со Пивара Скопје, Пакомак, Нула Отпад, Шпаркасе банка, ЕВН Македонија, Макстил, Бучим Боров Дол, Саубермахер и Костал. Акцијата е поддржана и од ЗЕЛС, Црвен крст и Министерство за животна средина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пијан удрил во „опел“, во рампа на автобуската станица, па во паркиран авомобил: уапсен велешанец
Следна Статија Нова потенцијална инвестиција во Македонија вредна 25 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Протест пред МВР и Парк Жена Борец „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ!“

Утре, 18 септември со почеток во 17:30 часот, повикуваме на протест против колективниот крах на системот и игнорантниот однос на…

September 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ова се години кога учите за две значајни вредности, а тоа се семејството и за татковината

По повод почеток на новата учебна година претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска…

September 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Koи се условите да се добие златна виза во Дубаи: Потребна е инвестиција од минимум 550.000 американски долари

Oткако СДСМ призна дека нивниот лидер Венко Филипче има златна виза во Дубаи, „Република“  провери кои се условите да се добие златна виза…

April 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Двајца возачи се рекордери, имаат 40 забрани за возење, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа рече дека до 20.00 часот…

February 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?