Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нова потенцијална инвестиција во Македонија вредна 25 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нова потенцијална инвестиција во Македонија вредна 25 милиони евра
ЕКОНОМИЈА

Нова потенцијална инвестиција во Македонија вредна 25 милиони евра

Објавено May 9, 2025 12:40
Сподели
Сподели

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски во рамки на посетата на Турција, како дел од владина делегација, по средбата во март годинава, денес оствари продуктивна средба со Кемал Аманоел, главен менаџер на компанијата Cavo Otomotiv. На средбата се разговараше за плановите за инвестирање во ТИРЗ, при што беа разгледани конкретните чекори за успешна реализација.

Мултинационалната корпорација Cavo Otomotiv изрази сериозна подготвеност за инвестиција на нова фабрика во ТИРЗ Скопје во износ од 25 милиони евра каде што ќе има 500 нови рабтни места.

Директорот Димовски го посочи значењето на инвестицијата на Cavo Otomotiv, земајќи предвид дека турските инвестиции во зоните континуирано растат. Воедно, беа истакнати напорите и посветеноста на Дирекцијата за ТИРЗ како институција која активно работи за подобрување на условите за инвестирање во соработка со Владата и сите засегнати страни.

Основана во 1984 година, Cavo е мултинационална корпорација, која работи во индустријата за автомобилска опрема, дизајнира и произведува безбедносни производи, како и разни механизми и оперативни кабли за многу водечки производители на автомобили. Компанијата освен во Турција, моментално е присутна и во Канада, Германија и Словачка, а потенцијалната инвестиција во рамки на ТИРЗ ќе има клучно значење како за Македонија, така и за Европа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Силјановска Давкова: Генералка викенд да прерасне во Генералка 365 дена, штитејќи ја природата се штитиме себеси
Следна Статија Мисајловски: Македонскиот народ не беше нем сведок – беше активен борец, нашите предци ги дадоа своите животи за слобода, за правда, за иднина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Аеродромот во Скопје со најголем раст на патници во зимската сезона

Аеродоромите во Скопје и во Белград, според објавениот зимски ред на летање, се очекува да го забележат најсилниот раст во…

October 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Стартува новата авиолинија од Париз до Скопје на компанијата „Изиџет“

На Меѓународниот аеродром во Скопје утринава ќе слета авион на нискобуџетната компанија „Изиџет“ со што официјално ќе биде означен почетокот…

April 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Увозници го тарифирале месото со пониски царински стапки за да избегнат плаќање давачки

Во пет случаи при контроли на увоз на месо е остварена дополнителна наплата од 11 милиони денари или 178,9 илјади…

May 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Гевгелија добива своја шопинг оаза – Гевгелија Мол

Во Гевгелија денеска ќе биде отворен најголемиот шопинг - центар на југот од земјава. Гевгелија Мол, на површина од 10.000…

December 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?