Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриевски до СДСМ: Каде ги повикувате да се вратат социјалдемократите – во становите на Венко, во Дубаи или во празната зграда на Бихачка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Димитриевски до СДСМ: Каде ги повикувате да се вратат социјалдемократите – во становите на Венко, во Дубаи или во празната зграда на Бихачка
ПОЛИТИКА

Димитриевски до СДСМ: Каде ги повикувате да се вратат социјалдемократите – во становите на Венко, во Дубаи или во празната зграда на Бихачка

Објавено May 10, 2025 17:40
Сподели
Сподели

Во рамки на теренската кампања „Заедно знаеме повеќе“, претседателот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски, заедно со генералниот секретар Горан Минчев, остварија средби со граѓани, членови и симпатизери во Вевчани и Струга, информираше Движењето ЗНАМ.


Во своето обраќање, претседателот Димитриевски испрати порака до опозициската партија:

„Венко ги повикува социјалдемократите да се вратат дома. Ех Венко, Венко. Да се вратат во еден од твоите пет стана? Во луксузот на Дубаи? Или во празната, темна зграда на Бихачка што одамна членовите ја напуштија? Политиката на СДСМ е без визија, а раководство на СДСМ е очајно, без надежно, исплашено и во паника“, рече Димитриевски.

Тој истакна дека Македонија нема време за изгубени генерации и дека народот препознава кој нуди решенија, а кој продава магла. Според него, СДСМ е на прагот на историски дебакл, кој е резултат на нивното самобендисано и однародено владеење.

„Граѓаните низ цела држава го чувствуваат тоа. Секој теренски разговор, секоја бројка и статистика укажува на едно – ЗНАМ не само што е најбрзо растечката политичка сила, туку е и гласот на луѓето што предолго беа игнорирани. Доаѓа време кога на локалните избори граѓаните ќе изберат градоначалници и советници што нема да молчат, нема да служат на партиски директиви, туку ќе работат исклучиво за интересите на својот народ. Градоначалници и советници што ќе бидат од народот, со народот и за народот, рече претседателот на ЗНАМ.

– Ова не е само политичка битка – ова е борба за достоинството на секој човек во Македонија. И на овие избори – ќе победат вистината, знаењето и народот, порача Димитриевски.

Генералниот секретар на партијата, Горан Минчев, додал дека движењето ЗНАМ е тука да гради мостови на доверба меѓу политиката и народот и дека секој поединец е важен за процесот на промени што следуваат.

Караванот на ЗНАМ под мотото „Заедно знаеме повеќе“ продолжува низ секое маало, секое село и секој град – со една порака што веќе одекнува низ целата држава: Македонија повеќе нема време за лажни надежи и потрошени политичари. Време е за чесни луѓе, за вистински борци. Време е за ЗНАМ – гласот на народот што никој повеќе не може да го замолчи, известија од партијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Чашата ќе се прелее, оваа одмазда против Албанците не и помага на државата, вели Ахмети
Следна Статија (ВИДЕО) „Инспекциите спиеле, децата не се разбудија“ – протестен марш на родителите на загинатите во „Пулс“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Во Демир Капија до 18.30 часот гласале 66.51 проценти од граѓаните со право на глас

Во Демир Капија до 18.30 часот гласале 66.51 проценти од граѓаните со право на глас, на денешните локални избори. Оваа…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Коцевски требаше да му слугува на народот, не на СДС

Коцевски требаше да му слугува на народот, а не на СДС, затоа треба да биде сменет, изјави Бране Петрушевски, пратеник…

February 15, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: За Скопје се приоритетни три столба, враќање на хигиената, завршување на сите започнати проекти и консолидирање на претпријатијата

Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата овие два дена, претставува, навистина, новитет на политичката сцена во Македонија. Добро е…

August 24, 2025
ПОЛИТИКА

Mицкоски до Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и по 2028 ќе ја формира следната влада

– И по 2028 ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери ќе ја формираат следната влада, а не гледам како вие со вакви…

February 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?