Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кинеските научници создадоа нов вид бактерии: Можат ли да ја спасат планетата?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Кинеските научници создадоа нов вид бактерии: Можат ли да ја спасат планетата?
ЗДРАВЈЕ

Кинеските научници создадоа нов вид бактерии: Можат ли да ја спасат планетата?

Објавено May 11, 2025 09:49
Сподели
Сподели

Кинеските научници создадоа нов вид бактерии способни истовремено да разградат пет вида органски загадувачи во индустриски отпадни води со висока соленост, објави денес Синхуа.

Иако одредени природни микроби можат индивидуално да разградат некои од овие загадувачи, нивната ефикасност е ограничена, при што секој сој обично таргетира само еден или два специфични загадувачи. Доколку овие микроби се најдат во средина со мешани загадувачи како што се нафта, тешки метали или радиоактивни супстанции, природните микроорганизми честопати се покажуваат како неефикасни.

Истражувачкиот тим користел техники на синтетичка биологија за да создаде сој на бактерии со модуларни метаболички патишта.

Со интегрирање на пет вештачки патишта на деградација во една бактерија, научниците овозможија истовремена деградација на бифенили, феноли, нафталин, дибензофурани и толуен – репрезентативни ароматични загадувачи. Во рок од 48 часа, експериментот постигна повеќе од 60 проценти отстранување на сите пет целни загадувачи, со целосна деградација на бифенилот и речиси 90 проценти стапки на деградација за комплексни соединенија како толуен и дибензофуран. „Оваа генетски модифицирана бактерија има значаен потенцијал за примена во животната средина, вклучувајќи санација на излевање на нафта, реставрација на индустриски локации, па дури и биоразградување на микропластика“, рече научникот Даи Џунбјао.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Каде се заработува најмногу во ЕУ?
Следна Статија Објавена листата на 10-те најбогати актери во светот за 2025 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Неопходно е подигнување на свесноста за превенција од рак на дојка

Подигнувањето на свесноста за превенција од рак на дојка е целта на настанот „Појадок со ХЕМА-ОНКО“ и хуманитарниот базар што…

October 19, 2024
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Работиме на нов план за унапредување на дијагностика за онколошките пациенти

Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување во своето гостување во тема на денот на Сител телевизија во однос…

January 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Дигитализацијата е еден од клучните столбови за подобар здравствен систем – „Мој Термин“ и „Мое Здравје“ ќе добијат моќни надградби

Граѓаните денес се технолошки подготвени повеќе од кога било, што е основа и обврска за поголемо дигитално учество во здравствениот…

September 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Робот изврши 100 отсто успешна самостојна операција

Робот опремен со вештачка интелигенција, како и со алатки за сечење и фаќање меко ткиво, со 100 отсто успешност отстрани…

July 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?