Вандализам во модуларната болница во Штип. Уништена е електричната инсталација и клима уред. Непознати сторители саботирале делови од електричната инсталација, со сериозен ризик да предизвикат краток спој и пожар.
Со тоа директно се загрозува здравствениот персонал и безбедноста на објектот, посакувајќи намерен пожар, објави на социјалните мрежи, директорот на штипската клиничка болница, д-р Владко Захариев, споделувајќи фотографии од направената штета. Случајот е пријавен по полиција, а според Захариев, во рок од една година ова е десетти пријавен случај.
Захариев, додава дека овие вандалски акти само ја успоруваат и одложуваат планираната реконструкција на модуларната болница, која треба да се адаптира за специјалистички амбуланти