Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Спектакуларно Ел класико со 7 гола: Барса го нокаутира Реал (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Спектакуларно Ел класико со 7 гола: Барса го нокаутира Реал (ВИДЕО)
СПОРТ

Спектакуларно Ел класико со 7 гола: Барса го нокаутира Реал (ВИДЕО)

Објавено May 12, 2025 08:20
Сподели
Сподели

Фудбалерите на Барселона го победија Реал Мадрид четврти пат во тековната сезона. На натпреварот паднаа спектакуларни седум гола, а резултатот е 4:3.

Со оваа победа Ханси Флик се доближи со нова шампионска титула односно “триплет” по веќе освоените Суперкуп на Шпанија и Куп на кралот.

Во секој од натпреварите Барселона го победи Реал, а вкупно оваа сезона ги доби сите четири пресметки против “кралскиот клуб”.

Публиката го оцени тукушто завршениот натпревар како еден од најдобрите меѓу ривалите.

Почетокот најавуваше целосно спротивен исход, откако Реал по 14 минути водеше со високи 2:0, со два гола на Килијан  Мбапе.

Во 3. минута беше досуден пенал над Французинот, кој сам го реализираше за водство на гостите. Веќе во 14. минута нов шок за Барса и целосна тишина на стадионот, кога Мбапе избега зад грбот на високо поставената одбрана на ривалот и лесно го совлада Шчењи.

Веќе во 19. минута Ерик Гарсија после корнерот од левата страна го намали водството на 1:2. Се чекаше изеднадување до 32. минута кога Ламин Јамал за три минути донесе пресврт со два маестрални гола. Посебно извонредна беше мајсторијата на Јамал, во негов стил, но и онаа на Рафња кој од својата позиција после пресингот доведе до 3:2.

Истиот играч во 45. минута изврши притисок на Лукас Васкес, му ја зњсњ топката, одигра дупли пас со Феран Торе, и ефектно ја смести топката во мрежата за 4:2. Нокаутот на Реал, не го спаси ни Мбапе кој во второто полувреме, во 70. минута ја намали разликата на 4:3.

Имаше поништени голови на двете страни, но и промашени зицери, пред сè на Реал во 89. и 90. минута.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Германскиот диџеј Шилер доаѓа во Скопје со Битолскиот камерен оркестар за „Ѕвездена симфонија“
Следна Статија Почнува Самитот Македонија 2025 – во фокусот забрзување на економскиот раст, дигитализација и вештачка интелигенција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Дејан Манасков се повлекува од репрезентацијата поради нарушени односи со Лазаров!

Ракометниот репрезентативец Дејан Манасков објави дека повеќе нема да настапува за македонската ракометна репрезентација. Веста ја соопшти преку објава на…

October 25, 2025
СПОРТ

Moќна Америка против Парагвај

Американската репрезентација ја извојува првата победа на Светското првенство.Во Лос Анџелес ја совладаа селекцијата на Парагвај со 4-1. Со ваква…

June 13, 2026
СПОРТ

Манчестер Јунајтед и Тотенхем во битката за трофејот во Лига Европа

Манчестер Јунајтед по пауза од осум години одново ќе игра трофејот во Лига Европa. „Црвените ѓаволи“ повторно го совладаа Атлетик…

May 9, 2025
СПОРТ

Вардар се врати на победите

Лидерот на табелата Вардар постигна победа од 1:0 на гостувањето кај Силекс во Кратово, додека Шкендија во Тетово одигра нерешено…

March 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?