Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Социјалистите на Еди Рама во убедливо водство на изборите во Албанија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Социјалистите на Еди Рама во убедливо водство на изборите во Албанија
БАЛКАН

Социјалистите на Еди Рама во убедливо водство на изборите во Албанија

Објавено May 12, 2025 08:43
Сподели
Сподели

Социјалистичката партија на албанскиот премиер Еди Рама води на парламентарните избори, по отворањето на првите гласачки кутии, објавува утрово „Албански пост“, повикувајќи се на податоците објавени од Централната изборна комисија (ЦИК), кои се однесуваат на првите 1.038 гласачки кутии отворени низ цела Албанија, од вкупно 5.225.

Според податоците објавени од ЦИК, Социјалистичката партија успеа да добие 53,26 проценти од гласовите на вчерашните избори.

Според проекциите на албанскиот весник, Социјалистичката партија најверојатно е на пат кон својот четврти мандат, со оглед на тоа што убедливо води и има предност во поголемиот дел од окрузите во земјата, откако беа отворени првите гласачки кутии.

Премиерот Рама се огласи на социјалните мрежи рано изутрина, објавувајќи фотографија од розовото партиско седиште со симболичната порака: „Каква зора е денес“, придружена со бројот 5 – изборниот број на партијата.

Од друга страна, коалицијата предводена од Демократската партија (ДП) освои 50 мандати, што е за 13 помалку од претходните избори.

Лидерот на ДП, Сали Бериша, на прес-конференција нешто пред полноќ, не прецизираше дали ќе го признае изборниот резултат, тврдејќи дека „силеџиите од Драч“ се обидуваат да го фалсификуваат исходот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лазаров: Ни следат нови мечеви со најдобрите во Европа
Следна Статија САД, по трговските преговори, велат дека е постигнат „договор“ со Кина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Додик: Ако бидам осуден ќе ја забранам работата на Судот и на Обвинителството на БиХ во РС

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека ако биде осуден пред Судот на Босна и Херцеговина поради неизвршување…

February 21, 2025
БАЛКАН

Лажен кол центар откриен во Белград: Ги мамеле граѓаните да инвестираат во криптовалути

Преку илегален кол-центар (центар за повици) во Белград биле измамени граѓани на кои им било сугерирано да инвестираат во криптовалути.…

October 24, 2024
БАЛКАН

Која е новата комесарка за проширување: Словенка, има 22.000 евра месечна плата, мораше да докажува дека не соработувала со службите

Марта Кос е нова комесарка за проширување. Доаѓа на местото на Оливер Вархеји кој нема да биде запаметен по ништо,…

December 1, 2024
БАЛКАН

Најавени нови блокади на грчките земјоделците на граничните премин

Со поставени над 50 блокади низ цела Грција, меѓу кои и на граничните премини кон нашата земја, кон Бугарија и…

December 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?