Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Фајзергејт“: Скандалот на Фон дер Лајен со вакцините оди на суд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > „Фајзергејт“: Скандалот на Фон дер Лајен со вакцините оди на суд
СВЕТ

„Фајзергејт“: Скандалот на Фон дер Лајен со вакцините оди на суд

Објавено May 12, 2025 14:10
Сподели
Сподели

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, оваа недела се соочува со еден од најголемите предизвици во нејзиниот мандат на чело на главното извршно тело на ЕУ. Судот на правдата на Европската Унија ќе ја донесе својата пресуда во среда за таканаречениот скандал Фајзергејт, кој произлезе од нејзината размена на пораки со извршниот директор на фармацевтската компанија Фајзер, Алберт Бурла, во пресрет на потпишувањето на огромен договор за набавка на вакцина против Ковид.

Пресудата би можела да има длабоки последици врз европската политика за транспарентност и јавната доверба во институциите на ЕУ. Не станува збор само за потенцијално кршење на правилата за пристап до документи, туку и за начинот на кој врвот на Европската комисија се однесуваше кон јавната одговорност во време кога се донесуваа историски одлуки што директно влијаеја врз животите на стотици милиони луѓе.

Сè започна кога „Њујорк тајмс“ откри дека фон дер Лајен лично комуницирала со директорот на „Фајзер“, Алберт Бурла, преку СМС-пораки, во периодот пред потпишувањето на најголемиот договор за вакцини во историјата на ЕУ. Договорот, потпишан во мај 2021 година, беше вреден неколку милијарди евра и вклучуваше нарачка за до 1,8 милијарди дози од вакцината „Фајзер-БиоНТек“ за периодот од 2022 до 2023 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се зголемуваат цените на бензините, се намалува на дизелот
Следна Статија Кој е прв? Србија е втора земја во Европа по број на обложувачници и казина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Убиен премиерот на владата на Хутите во Јемен

Премиерот на владата на Хутите во Јемен, Ахмед ал-Рахави е убиен при воздушните напади на Израел, објавија јеменските бунтовници во…

August 30, 2025
СВЕТ

Камала Харис гласаше на претседателските избори: Мојот глас веќе патува за Калифорнија

Потпретседателката на САД и демократска кандидатка за претстојните претседателски избори, Камала Харис, денеска им изјави на новинарите дека гласала на…

November 4, 2024
СВЕТ

Несудениот амбасадор на Трамп во Србија умре од срцев удар

Марк Брнович, поранешниот државен обвинител на Аризона, почина во понеделникот од срцев удар, потврди претставник на семејството. Веста за смртта…

January 14, 2026
СВЕТ

(Видео) Гори Москва по најголемиот украински напад: Има мртви и ранети, аеродромите се затворени, дронови удрија пред зора на главниот град на Русија

Русија ноќеска одби напади со 337 украински беспилотни летала, а московскиот регион, каде загина едно лице, беше една од целите…

March 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?