Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Богдановиќ : Релациите Македонија- Дубаи на Филиче ги демотивираат членството и симпатизарите на СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Богдановиќ : Релациите Македонија- Дубаи на Филиче ги демотивираат членството и симпатизарите на СДСМ
ПОЛИТИКА

Богдановиќ : Релациите Македонија- Дубаи на Филиче ги демотивираат членството и симпатизарите на СДСМ

Објавено May 12, 2025 21:20
Сподели
Сподели

Наместо обединување, дополнителен раздор. Во опозициската СДСМ врие по признанието на нивниот лидер Венко Филипче дека поседува златна виза за Емиратите – велат како може да се бори за СДСМ и Македонија, ако со мислите е во Дубаи? Целта му е д ја донесе партијата на власт, или само да го штити нелегално стекнатиот имот. Екс градоначалникот на Центар и поранешен висок функционер Саша Богдановиќ за Алфа вели дека многу случувањата во партијата, но и признанието за релациите Македонија- Дубаи не може да донесат ништо добро за СДСМ.

-Ако се пробува тоа да се ескивира во јавноста изгледа навистина незгодно. И на крајот само се потврдува еден факт, тоа е дека луѓето кои што моментално се во раководството на СДСМ мора да сфатат дека такви работи не треба да се случуваат, бидејќи влеваат недоверба. Тие некои случувања на релација Македонија- Дубаи гледаме дека не влеваат волја и кај членството и кај симпатизерите и гласачите дека нешто ќе се промени, изјави Богдановиќ.

Дека однесувањето на Филипче директно удираат по довербата на граѓаните, но и самото членство потврдува и поранешната претседателка на граѓанската организација на СДСМ Скопје, Софија Куновска. Според неа, партиското раководство треба да одговори на многу прашања од своите членови.

-Врееме е членството на партијата да ги постави вистинските прашања: Дали Венко го води СДСМ за да некогаш дојде на власт или партијата вака дизајнирана единствено служи за одбрана на нелегално стекнатиот имот во периодот 2017-2024? Со каков товар ќе влезат кандидатите на СДСМ на претстојните локални избори?, вели Куновска.

Како што е познато, Филипче прво демнатираше дека поседува ваква златна виза, но пред два дена призна, со објаснување дека не ја добил поради вложени пари, туку затоа што преговарал за работа со некоја болница. Не ја вратил, туку во моментов таа била на стенд бај. Ваквите лупинзи на Филипче, според Богдановиќ може да му создадат сериозен проблем на СДСМ на престојните локлани избори, пред се во однос на изборот на квалитетни кандидати за градоначалници.

-Тие треба да ги бранат овие напади, случувања како да ги наречам не само од сегашната власт, позиција, туку и од видни поранешни функционери, кои што општеството и во политичкото делување оставиле свој траг и белег, значи луѓе кои што ај да кажам им се слуша зборот, изјави Богдановиќ.

Според програмата на Обединетите Арапски Емирати златната виза за долгорочен престој главно добиваат странски државјани кои се подготвени да вложат минимум 280 илјади долари за виза од 5 години, или над 500 илјади долари за 10 годишна. Освен инвеститори виза миже да добијат и специјалисти, студенти и истражувачи, кои прават значители инвестиции во земјата. Но за таква виза, потребно е барање и препорака од Емиратското министерство, како и специјално писмо со препорака од Советот на научници или лично од Секретаријатот на Шеикот, со кое се потврдува дека личноста има добиено медал за Академска исклучителност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Осудениот врховен судија Георгиев се вработи како магационер: сега излегува денски, навечер се враќа во затворот
Следна Статија Крис Павловски: Македонија може да биде Швајцарија на Балканот, фокусирајте се на енергија, на вештачка интелегенција и на крипто и ќе имате голем просперитет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ го потсетува Филипче: Македонија доби најмногу пари од ЕУ за Реформската агенда

Лагите се специјалност на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче, за тоа им нема конкуренција по којзнае кој пат по…

June 1, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Најпрво потврда на коалицијата, потоа кандидати за градоначалници на Центар и Куманово

Прво ќе ја потврдиме внатрешната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со политичките партии, а потоа ќе продолжат разговорите и со коалициските владини…

July 14, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Се додека ја водам Владата ќе ги бранам националните интереси

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител телевизија истакна дека додека…

October 17, 2024
ПОЛИТИКА

ЛДП: Наместо пари за питијади и ајваријади, општините да инвестираат во повеќе јавни паркинзи, зеленило и подобри услови во градинките и училиштата

Либерално-демократската партија (ЛДП) упатува јавен повик до општините ширум државата: да престанат со расфрлање на јавните средства за еднодневни настани…

June 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?