Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР предупредува: Лажни мејлови од познати компании ве мамат да дадете лични податоци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > МВР предупредува: Лажни мејлови од познати компании ве мамат да дадете лични податоци
ХРОНИКА

МВР предупредува: Лажни мејлови од познати компании ве мамат да дадете лични податоци

Објавено May 13, 2025 10:02
Сподели
Сподели

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатираше зачестена појава на така наречени фишинг напади преку електронска пошта во која се злоупотребуваат имињата на повеќе македонски компании со цел неовластено прибавување на податоци од нив. Како што потенцираат, овие пораки лажно тврдат дека сте сториле повреда на авторски права и содржат фишинг-линкови до наводна документација или барања за преземање на активности.

Важно и значајно е граѓаните односно компаниите да знаат дека пораката не е испратена од вистинската компанија, да не кликнуваат на линковите или прилози во пораката, да не одговараат на пораката, да не споделуваат лични информации и веднаш да ја избришат пораката, велат од Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, додавајќи дека активно преземаат мерки и водат постапки во врска со вакви измами.

Апелираат доколку сте примиле ваква порака или сте жртва на слична интернет измама, веднаш пријавите го случајот во најблиската полициска станица.

Обидите за фишинг обично доаѓаат преку електронска пошта, но и од социјални мрежи, преку текстуална СМС порака или со телефонски повик.

Оттаму, Министерството за внатрешни работи со цел заштита на граѓаните, на нивните лични податоци и можните злоупотреби и последиците што можат да произлезат, апелира внимателност при добивање на ваквите пораки, да не наседнуваат на измами од ваков тип и нивните лични податоци да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може да им се утврди вистинскиот идентитет, со цел спречување на нивна понатамошна злоупотреба, велат од МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кина ја слави победата против Трамп: Договорот за царини дочекан со воодушевување
Следна Статија (Видео) Русија поставува шатори, писти и хангари: значителна руска воена активност на границата со Финска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Две лица загинаа откако со возилото паднале во реката Радика

На 02.01.2026 во 15:36 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, патничко возило…

January 3, 2026
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Маж и жена во Карпош дилале екстази и амфетамин

Две лица од Скопје се уапсени синоќа под сомнение за недозволена трговија со дрога, откако полицијата при претрес во стан…

December 13, 2025
ХРОНИКА

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Охрид- Ресен

Во прекин е сообраќајот на магистралниот пат А2 Охрид- Ресен кај превојот Буково, соопштија вечерва од АМСМ. Како што посочуваат,…

April 6, 2025
ХРОНИКА

Полицијата фати насилен малолетник, со нож повредил две деца

Полицијата фати насилен малолетник од с.Ласларци кој со нож повредил две деца, а судија на претходна постапка на малолетникот му…

November 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?