Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Косово уапсен Дритон Ибиши, член на групата „Грчец“ кој се бараше со меѓународна потерница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Во Косово уапсен Дритон Ибиши, член на групата „Грчец“ кој се бараше со меѓународна потерница
ХРОНИКА

Во Косово уапсен Дритон Ибиши, член на групата „Грчец“ кој се бараше со меѓународна потерница

Објавено May 14, 2025 20:19
Сподели
Сподели

Вчера во Косово бил уапсен Дритон Ибиши, 52-годишен маж од Скопје против кого има активна меѓународна потерница и за кој се верува дека е дел од криминалната група од Грчец.

Како што објавија дел од косовските медиуми, на Ибиши веќе му се ставени лисици и за ова е известен тамошниот надлежен обвинител. Во полицискиот извештај се наведува дека Ибиши бил фатен на автопатот Приштина-Феризај околу 17:30 часот по локално време.

„Осомничениот маж, државјанин на Северна Македонија, по кого е распишана меѓународна потерница, е уапсен. Со одлука на обвинителот, осомничениот е приведен“, соопштиле од косовската полиција.

Во јануари минатата година, беше отворена истрага против 15 лица, меѓу кои и Ибиши. По месец дена откако беше сузбиена криминалната група, предводена од Шеваљ Муареми, инволвирана во недозволена трговија со дрога и убиства, ликот на Муареми осамна на сајтот на МВР во потрагите по исчезнати лица. Тогаш беше објавена фотографија и од Ибиши.

Групата е осомничена дека транспортирала 435 килограми кокаин од Бразил до белгиското пристаниште Антверпен, како и 106 килограми кокаин од Перу до холандското пристаниште Ротердам. Групата шверцувала дрога од Белгија во Македонија и од Албанија во Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фридрих Мерц: Ќе ја имаме најсилната армија на континентот, но нема да се вклучуваме во војна
Следна Статија Јанев: Со мојот тим создаваме услови секој полицаец да се чувствува почитуван и мотивиран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во…

October 16, 2025
ХРОНИКА

Жена загина прегазена на тротоар во Охрид

Возрасно женско лице смртно настрада во сообраќајна несреќа што вчера вечерта околу 22 часот се случи во центарот на Охрид.…

June 20, 2025
ХРОНИКА

Еуроњуз: Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето

Повикувајќи се на извештај на Европската комисија и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Euronews денеска пишува дека најпогодена…

January 12, 2025
ХРОНИКА

Детали за акцијата на Финансиска полиција: Уапсени 7 лица за даночни измами и перење пари, го оштетиле буџетот за 430 милиони денари

По двегодишна опсежна предистражна постапка, во текот на денешниот, Управата за финансиска полиција спроведе акција во која беа извршени претреси…

August 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?